На текстот во врска со создавањето мини депонија во близината на „Гоцевата шума“ што го објавивме пред педесетина минути, брзо реагираше в.д. градоначалникот Венко Крстевски.
Не информираше дека малата депонија на посочената локација и контејнерот се расчистени и испразнети утринава.
„Контејнерот е празнет и расчистувано е кај ‘Гоцева шума’ и во петокот. Таму е работено и утринава за што говорат фотографиите што ви ги праќам. Исто така, и во петокот – минатата недела и денеска е чистено и кај АСНОМ. Тоа се обврски што редовно се извршуваат“, нагласи Крстевски.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.