Успешен старт на прилепчани на стартото на новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а на гевгеличани, противник им беше екипата на 11 Октомври – Прилеп, која со 2:1 во сетови, успеа да го победи домаќинот.
Со ова прилепчани ја продолжија традицијата на успешен старт, со надеж дека оваа година, како и првата, е достижен final four турнирот. Екипата на 11 Октомври на денешниот натправар ја претставуваа : Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Орде Цветаноски, Гоце Бурнески ,Мики Крстев и Атанас Николоски.
Покрај 11 Октомври од Прилеп и Гевгелија, оваа година во лигата се вклучуваат шест тимови: Борец Велес, Тетово, Шкендија, Скопје, Струмица. Наредниот турнир ќе се одржи на 26.4.2026 во Тетово, а тим на 11 Октомври ќе игра против тимот на Струмица.









