Уште еден од повредените во пожарот во Кочани се врати од болница во Истанбул

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Уште еден пациент, пред два дена, се врати од болница во Истанбул, каде беше на лекување по пожарто во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во „Аџибадем Систина“ остануваат уште двајца тешко повредени, кои не се критични.

 

 

„Ме радува моментот дека за неколку дена бројот на пациенти во болница се намали на тројца. Двјаца пациенти се на домашно лекување, еден пациент се врати од Истанбул и тој е на домашно лекување. Еден пациент од Клиниката за пластична хирургија, исто така е пуштен на домашно лекување“, рече Сашо Клековски, директор на ФЗОМ, кој во Кочани беше како дел од работната група на Владата.

Еден повреден останува во болница во Истанбул, а во последниот период пуштени се неколку пациенти од Клиниката за пластична хирургија. Во „Пирогов“ Бугарија, на лекување одат шест пациенти.

Двајца пациенти имаат отворени рани но тие се третираат во болницата во Кочани.

 

 

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, физикалната терапија на сите повредени на кои им е потребна продолжува, а во посета бил и доктор, платичен хирург, од Белгија, кој правел проценка на сите на кои им е потребна ваква реконструктивна интервенција, за пациентите да ја вратат функцијата на изгорените екстремитети, но и да бидат убави.

На 18 пациенти им е потребна пластична и естетска операција. Сепак, уште е рано за такви интервенција.

Директорката на болницата во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска, рече дека кај некои потребни се операции за враќање на функцијата особено на прстите од рацете, а ним ќе им бидат извршени хируршки зафати.

Во болницата во Кочани, во последниот период вработени се 20 лица, но директорката вели дека и понатаму ќе треба да се надополнува персоналот. „Секогаш имаме недостиг на специјалисти, но со оглед на тоа што имаме соработка со Клиничката болница во Штип, тој недостиг се надополнува“.

Дополнително, зголемен е буџетот на болницата, за да ги надмине акумулираните долгови. Набавен е и рентген за болницата, а при крај е и изградбата на новиот физикален центар.

Се работи на обезбедување систем за централно снабдување со кислород на хируршките сали.

Проследете ја прес-конференцијата во живо:

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

Утрово, ОУ „Св. Кирил Методиј“ преку ЦУК – Штип,  доби информација за лажно поставена бомба. Учениците и наставниците биле навремено евакуирани, а во моментов во училиштетео се присутни инспектори на МВР и се постапува согласно утврден правилник за вакви случаи. Информацијата за Радио Кочани ја потврдија од училиштето. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Надлежните од бензинските пумпи – Дизелот е потрошен поради тоа што потрушувачката ни е зголемена за 5 пати

По објавата на Радио Кочани дека нема дизел на пумпите во регионот надлежните демантираат дека е поради поскапувањето туку едноставно резервоарите на пумпите се празни исцедени до капка за време на викендов. За викенд не се врши достава па затоа во моментов нема дизел, некои од возачите ги испумпувале резервоарите дома и  се враќале по