Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност.

Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло.

Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела по осми пат „Чупино Winter Vertica“ – со порака за подршка на стопирање на изградба на хидроцентрала на Блатешница

По осми пат, в недела, 23 февруари ќе се одржи „Чупино Winter Vertica“l, зимска планинска трка која прерасна во вистински спортски спектакл во регионот. Патеката до Чупини Брдо, 1750 метри висок врв на  Плачковица, е долга 5 километри со 1000 метри искачување. Стартот е закажан за 10:00 часот од чаршијата во Блатец, а целта е

Црвен крст – Кочани – Се што се случуваше по пожарот во „Пулс“ од 16-ти март до денес…

Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“, денеска реализиравме разговор со секретарот на ОО на Црвен крст – Кочани, Анета Коцева. Еве на кои прашања разговаравме и добивме одговори. Како и кога дознавте за пожарот во „Пулс“ и како изгледаа првите часови од мобилизацијата на ОО Црвен крст Кочани? Вие бевте меѓу првите

Ретроспективната изложба на Танас Дедов: „60 години ликовно творештво“ на гостување во Виница

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница денеска е  отворена ретроспективната изложба на Танас Дедов, еден од најплодните и најпознатите ликовни творци од регионот. Изложбата, која го обележува неговото шестдецениско творештво, вклучува и некои  негови значајни и познати дела, кои ја потврдуваат неговата посветеност кон  сликањето и неговото влијание на развојот на ликовната сцена