Уметникот Рубенс Корубин основоположникот на неоромантизмот и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уметникот Рубенс Корубин, основоположникот на неоромантизмот во светски рамки и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето.

Ова беше соопштено  Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп на денешната прес-конференција ги соопшти наградените.

Претседателот на Комисијата Игор Николоски ги соопшти наградените со плакета Трети ноември за институции кои дале придонес во развојот на градот и на наградените со дипломи “Трети ноември’ за поединци.
Добитници на наградата Плакети 3-ти Ноември се: фирмата „Микросам“ за 35 години постоење, театарот „Војдан Чернодрински“ за 75 години од постоењето, НВО Ханд тил Ханд“ од Шведска за нивните хумани донации во здравството, Интеракт клубот „Мирче Ацев“ за хуманоста на млaдите ентузијасти и Извидничкиот одред „Феникс“ за десетгодишно постоење.
Дипломи 3-ти Ноември ќе им бидат доделени на новинарката од МТВ Елизабета Митреска за особениот придонес во новинарството, на поетот Петре Кироваков, на д-р Билјана Консулоска Гвероска – автор на научни трудови од областа на земјоделството и на Владимир Ѓорѓиески, репрезентативец на Македонија во билијард.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечена седница на Советот на Оптшина Прилеп на Трети ноември, кој аќе се одржи  во салата на ЦК “Марко Цепеков“ .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изборната трка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН во Долнени продолжува до петок, кога започнува молкот

  ДИК денеска го објави и прегледот на општините каде што нема поднесени тужби и каде гласањето е завршено, како и општините во кои ќе се одржи втор круг на изборите или прегласување на првиот поради немање доволно излезност на 19-ти октомври .Меѓу пелагониските општини во втор круг се бира...

Жена фатена како кради во продавница

Жена фатена во кражба. Крадела од продавница, а украденото при полициска интервенција, му е вратено на споственикот. На 27.10.2025 во 17:10 часот во продажен објект на ул.„Методија Шаторов Шарло” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода А.В.(41) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Таа била затекната при вршење на кражба...

Прилепчаните Димески и Беџоски четирикратно наградени за филм

На педесет и четвртиот Државен фестивал на непрофесионален филм, во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника кој неодамна се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, нашите прилепчани Никола Димески и Марјан Беџоски освоија дури 4 награди за нивните филмови. Со златни плакети наградени се...