Уметницата Марија Трпеска изложува во Прилеп, Ромите и ромската култура во фокусот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ на 16 април (среда) од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ од уметницата Марија Трпеска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во програмата за 2025 година.

Проектот „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“се фокусира на Ромите и ромската култура, стереотипите поврзани за Ромите и колку се тие прифатени и видливи во општеството како рамноправни граѓани во нашата држава. Поставката ја сочинуваат видеа, фотографии и објекти, реализирани со соработници и ко-автори на проектот кои ја доловуваат проширената реалност која не е стереотип за Ромите и ромската заедница, напротив, уметничката продукција ќе се обиде да ја претстави онаа страна на заедницата на која многу малку и се обраќа внимание: успесите, заложбите, изминатиот пат во борба со системот и надежта за подобро утре.

Марија Трпеска дипломирала на ФЛУ Скопје во 2017 година отсек ликовна педагогија со сликарство. Во моментот е на постдипломски студии на ФЛУ Скопје – отсек сликарство. Нејзината уметничка работа има интердисциплинарен карактер. Третира социјални теми и преку нејзините дела дава на значаење на личности или групи кои се поврзани со уметноста, потенцирајќи ја нивната уникатност, важност и улога во општеството. Добитник е на наградата „Четирите мајстори на модернизмот“ во 2017 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...