Управата за хидрометеоролошки работи за утре, понеделник 26 мај, издаде предупредување за силен ветер од северен правец, особено долж Повардарието кое ќе се движи и до 70 километри на час.
Во поголем дел од земјата утре времето ќе биде ведро и посвежно,особено во утринските часови.
Минималната температура ќе биде од 3 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постојан пораст.
Овие невообичаени временски прилики се одразуваат и врз земјоделските култури и секојдневните активности на земјоделците, со оглед на тоа што мај е месец кога вообичаено започнуваат поинтензивни земјоделски работи и активности на отворено.