Почитувани сограѓани,
Веќе неколку месеци сме на удар на омаловажувања, навреди и што уште не..
Сакаме да објасниме на нашите сограѓани дека ние како угостители немаме направено ништо незаконски и без одобрение од општина Кочани. Имено, секој потег кој бил направен и превземан од наша страна, а во врска со нашите угостителски објекти од кои чесно заработуваме парче леб е известена општината, а сега ние одеднаш станавме узорпатори кои поседуваат диви градби и уште што веќе не, а добро беше додека општина Кочани се збогатуваше незаконски и ни наплаќаше месечно по 100.000 денари за користење на јавна површина, а всушност површината на која се наоѓаме ние како угостители е во сопственост на станарите.
Па одовде гледаме кој е неправеден, дали ние како угостители што чесно и поштено сме плаќале на општината, а сега сме диви градби и узурпатори или општината која нелегално и бесправно се има збогатено на наш грб, а ги има оштетено станарите со огромни суми на пари.
Во неколку наврати Венко Крстевки има изјавено дека ние сме опасност за станарите.
Вака сега Венко Крстевски, ние како угостители тврдиме со целосна морална и кривична одговорност дека како угостители ги исполнуваме сите услови и стандарди еве ќе наведиме некои од нив:
*ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА (потпишан и заверен од општина Кочани)
*ПРЕГЛЕД И ИСПИТУВАЊЕ НА СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА РАБОТА
*ИЗВЕШТАЈ ОД МЕРЕЊА НА ШТЕТНИ ВЛИЈАНИЈА ВО РАБОТНИ ПРОСТОРИИ
*ПЛАН ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ И ДРУГИ НЕСРЕЌИ
*УВЕРЕНИЈА ЗА СТРУЧНА ОСПОСОБЕНОСТ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
И сите други документи што се потребни пред се за државните институции а потоа за нашите сограѓани да бидат сигурни кога се наши гости. Ја манипулираш јавноста дека сме ја користеле вентилацијата на зградата? Многу лесно граѓаните можат да видат каде ни се спроведени вентилациите.
Венко Крстевски, зошто оваа селективност ти се “бориш” за неправилности, а првите неправилности ги правиш ти. Зошто го злоупотребуваш случајот со кобната несреќа кој се случи во објект во кој немал основни услови за работа со нашите угостителски објекти кои ги исполнуваат сите услови за работа? Дали после кобната несреќа која се случи му е потребно и ова на Кочани? Дали со ова се спремаш за твојата изборна кампања и мислиш дека ќе собереш поен плус? Објасни зошто сме ние први на удар, зошто распишуваш тендер за рушење стрикно за тендите во трговскиот?
Доколку постапуваш законски и по сите правила општината има веќе донесено 700 решенија за рушење на диво изградени објекти, а сеуште не се постапува по тие решенија кои што се донесени далеку пред нашите туку прво постапуваш од нашите угостителски објекти кои уредно и редовно плаќаат даноци, кирии и плати на вработени.
Објасни зошто не го срушите прво објектот во склопот на општината поранешен ТИНЕКС за кој што до пред 20 дена општината наплаќаше кирии, објасни зошто оваа твоја неоснована иницијатива не ја покрена додека се реновираа сите објекти во време кога ти беше советник два мандати во општина Кочани и зошто тогаш не даде предлог на советот да не реновираме и да не си ги трошиме без потреба парите кои со многу труд и многу мака ги заработуваме. Се закануваш со кривични и со казни, дали излегнаа инспектори на терен да донесат заклучок дека ние сме опасност по животот на станарите и дали ги исполнуваме сите услови за работење, дали оваа одлука е донесена на совет или ова е одлука од личен интерес бидејки ти Венко Крстевски живееш во зградата и кој си ти да се дрзнеш да ни ги рушиш нашите објекти преку ноќ кои со пот ги имаме направено, ти напрвин не си избран од народот односно немаш кредибилитет за градоначалник, ти пред се треба да сватиш дека си в.д. градоначалник кој не е избран од народот туку е избран во вонредна состојба во која се наоѓа градот и дали мислиш дека со општината можеш да правиш се што сакаш и да ја користиш општината како твоја лична компанија за исполнување на твоите политички цели кои го имаш или ги немаш ?
Дали ти како градоначалник излезе на терен да седнеш на маса со твоите сограгани кои што ги нарекуваш узурпатори да се отстранат сите недостатоци доколку постојат и се опасност за граганите ?
Дали ние сме грагани на општина Кочани и имаме некаква заштита од тебе како градоначалник ?
Дали ке не обештети општината за сите вложувања што ги имаме направено?
Дали ке ни додели локации за преместување на нашите локали?
Се ке беше во ред доколку ни утврдеа неправилности за било каква опасност ,ни издадевте решение за истите и ние не ги исполневме .
Но за жал тоа не се случи.
За жал и ти си ист како и сите други.
Нашата чудесна земја , нашето тажно Кочани од кое што ке профитира единствено Венко Крстевски .
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.