Удар за Прилеп и македонскиот спорт – ФК Победа прекинува со натпреварување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската Втора лига останува со еден клуб помалку. Победа објави дека поради финансиски проблеми се повлекува од понатамошно натпреварување. Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, денеска клубот  потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) поради целосен финансиски колапс и институционален ќор-сокак.

Проблемите на Победа кулминираа по промената на сопственичката структура во април 2025 година. Новиот мнозински акционер, според соопштението, од самиот почеток покажал незаинтересираност за водење на клубот, не назначувајќи легитимно раководство ниту извршен директор. Моменталната состојба на клубот е  блокирана жиро-сметка и без никакви приливи за основните трошоци, па Победа го прекине натпреварувањето.

„Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што ја известуваме јавноста дека сениорската екипа на ФК Победа Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората лига“, стои во официјалното известување од 10.02.2026 година кои ви го пренесуваме во целост

Да ја појасниме моменталната ситуација во нашиот клуб. Во месец април 2025 година дојде до промената на мнозинскиот акционер на нашиот клуб. Новиот мнозински акционер е со став дека не сака да го води клубот, па така на единственото легитимно и легално акционерско собрание не постави лица кои би раководеле со клубот и не назначи извршен директор. Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот временски период за делување се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнајдувањето на долгорочно решение. На советот на Општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, а истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во 2.МФЛ. Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека сениорската екипа на ФК Победа Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во втората македонска фудбалска лига.“ стои во соопштението до јавност.

Ова е огромен удар за Прилеп, градот кој живее за фудбалот, и за сите искрени љубители на спортот во Македонија. Победа, клубот кој играше европски натпревари и носеше трофеи, денеска стана жртва на лошо менаџирање и бирократски лавиринти.

Победа зимава не ги почна подготовките за пролетниот дел и не одигра ниту една преијателска, што беше сериозен знак дека нешто лошо се подготвува. Сезоната во втората лига продолжува на 21 февруари, а поради откажувањето на Победа секое коло по една екипа ќе биде слободна, почнувајќи од Новаци, кој нема да патува за Прилеп.

Инаку, клуб Победа беше формиран на 14 мај 2010 година откако вистинската Победа доби 8-годишна забрана за натпреварување од ФИФА поради наместениот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против ерменскиот Пјуник. Првично формиран под името Викторија, за брзо се преименува во Победа Јуниор, за подоцна да стане само Победа. А, суспендираната Победа имаше обид да се врати по истекот на осумте години, но бараше од ФФМ да продолжи од првата лига, додека ФФМ порача дека треба да почне од општинската лига, по што се откажа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

Информација од Министерството за внатрешни работи како дел од полицискиот билтен за спречување вооружен инцидент во кој што учествувале прилепчани во општина Чашка: На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57),...

Уште колку автомобили ќе претрпат штета кај Металец пред да реагираат службите?

Дел од улицата „Александар Македонски“ од некогашен Металец до Комфи Ангел се претвори во хорор патешествие за возачите. Околу 200 метри кои што лежат под вода кријат опасни ударни дупки што не можат да ги избегнат возачите бидејќи и во двете насоки има големи длабоки оштетувања на асфалтот кои што...