Учениците од ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ со театар на сенки ја освојуваат публиката – иницијатива што прераснува во културен караван

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Во изминатиот период беше реализирана креативна и едукативна иницијатива – театар со сенки, која предизвика голем интерес кај публиката и доби бројни позитивни реакции од колеги, наставници и институции од земјата и регионот.

Проектот, во кој активно учествуваат ученици, покажа дека ваквиот вид уметнички израз има силен едукативен, емотивен и терапевтски ефект.

Преку сенки, движење и приказна, децата испраќаат силни пораки за емпатија, солидарност и човечки вредности.

Како резултат на успешната изведба, учениците веќе добиваат покани да ја претстават претставата во други училишта и градинки, што ја потврдува вредноста и потенцијалот на оваа иницијатива.

Посебен акцент на овој културен настан беше ставен од компанијата„Nature Therapy“, преку која децата беа поддржани со пакети производи што претставува дополнителна мотивација за понатамошна работа и развој.

Наставничката ментор Ана Симонова нагласува дека учениците не планираат да застанат тука.

Напротив, оваа иницијатива има амбиција да прерасне во театарски караван со сенки, кој ќе може да се реализира и во рамки на роденденски забави, културни настани и други манифестации, со што уметноста ќе стане подостапна за пошироката заедница.

Овој проект претставува пример како преку креативност, заедништво и поддршка, младите можат да создадат нешто што остава траен белег и инспирира нови културни приказни.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Купувај брзо, лесно, паметно – „Смарт Деливери“

Кочани! Подгответе се „Смарт Деливери“ се проширува… Покрај брзата и сигурна достава, сега ти носи и прехрамбени производи, директно до врата Ти нарачуваш ние купуваме и експресно доставуваме 078-661-001 Јави се веднаш и нарачај „Смарт Деливери“ – брзо, лесно, паметно!

Во 82 та година од животот почина Лазар Веселински, поранешен градоначалник на Кочани…

Во 82 та година од животот почина Лазар Веселински, еден од градоначалниците на Кочани по осамостојувањето на Македонија. Веселински ја извршуваше таа функција четири години, во периодот од 1996 до 2000 година. Лазар Веселински е дипломиран технолог. Првиот дел од својата работна кариера го помина во Фабриката та за целулоза и хартија во Кочани. Пред

Од денеска во ОВР – Кочани започнува враќањето на личните предмети од трагичниот пожар во „Пулс“

Во врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, од денеска (02.03.2026 година) започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот. Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот,