Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Основното јавно обвинителство Кочани извршило увид на во блицина на Виница каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.

Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдени траги со цел утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група. Надлежните институции испитуваат дали тие биле инволвирани во пукањето.

До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан.

Извор: Скопје 1

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Само Кочани ја претставуваше Македонија: ПСК „Осогово“ дел од европскиот самит на Копаоник

По покана од Центарот за туристичко истражување и развој на планинските центри во Европа, претставници од Кочани учествуваа на Самитот на планински центри од Централна Европа – MoReSCE 2026, што се одржа од 24 до 26 март во хотел „Горски“ на Копаоник. Станува збор за значаен меѓународен настан на кој учество зедоа еминентни експерти, претставници

Кривична за двајца кочанчани, фатени при купо-продажба на дрога

Млад кочанец фатен како продава дрога на свој сограѓанин. Кривично ќе се гонат и двајцата. – ОВР Кочани поднесе кривична пријава Х.Н.(24) и С.А.(23), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2025, полициски службеници го затекнале првопријавениот

Еден час помалку спиење – Од ноќва стартува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува вечерва, по полноќ. Во 02:00 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето