Убијте го гласникот ако не ви се допаѓа пораката

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа се одржа промоцијата на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски во фоајето на „Марко Цепенков” во Прилеп, во присуство, главно на театарски работници, актери, режисери, сценаристи, по некој работник од другите сфери на културата и ние, медиумските работници. Книгата претставува збирка од аналитички профилирани размисли на Звонко Димоски, со која, авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави од македонските театри.

Промоцијата воодушеви со сценскиот изглед, со начинот на промотивно пренесување на делото, но и со предизвикот за дискусија (бидејќи, најчесто ваквите настани завршуваат со „авторот и промоторот кажаа, и одиме на коктел“). Како ретко која промоција на книга, овој настан предизвика ставови и мислења, за начинот на критичкото осврнување на Димоски на театарските претстави кои му биле сфера на опсервација.

Освртот е новинарска форма, која се применува за објективен опис за она што да се пишува, каде критичарите/ките настојуваат да не зборуваат само за себе, туку и за другите, без разлика  дали се тоа читатели, слушатели или гледачи/чки. Критиката ги подразбира прашањата: „Се чувствувате ли како мене? Ако не, зошто не?“.

Но, дискусиијата за книгата „Современи театарски осврти“ наиде на двочасовна анализа кај присутните (кои реков, главно беа театарски работници) дека театарот со освртите се гледа еднострано каде се критикува (во негативна конотација) само претставата, театарската глума на актерите.

Но, освртите на Димоски не се критичен став само за театарската изведба, бидејќи театарот не го сочинува само претставата, туку и публиката. Тоа е една целина взаемно поврзана која е ставена на опсервација, за да се стреми кон подобра, поцеловита и поквалитетна театарска сцена.

Јас не сум театарски „фан“, ниту познавач на културата, но знам  дека Шекспир (чии дела сакаат да ги играат актерите од сите театарски куќи во Македонија ) своите дела ги носел (патувачки театар) до публиката за да ги поттикне нивните емоции, (погледи) кон недостатоци на општеството, да ги расплаче, натажи, да ги насмее, да им ја врати довербата. А, таа, публиката, била сочинета, не од луѓе кои биле културно и театарски едуцирани за да гледаат театарски претстави, туку тоа биле: ковачот, дамата од улица, дрводелецот, мрсулавото дете, џепчијата и по некој гроф или грофица итн.. И,  тоа е целта или целовитоста на театарот – СЦЕНА, ПУБЛИКА! Театарот не го сочинуваат само актерите, режисерите, сценаристите, костимографите, заради кои се создаваат освртите. Тоа би било погрешно,егоцентрично и суетно!

Нема театарска претстава, без театарска публика, која треба, и здраво е, да биде разновидна, од различна возраст, пол, со различни погледи, различни знаења за театар, со различен начин на доживување. Ако собереш таква публика и таа биде воодушевена (не лицемерно, туку реално), тогаш целта е постигната. Освртите за театарската ролја не ја затвораат мислата и одговорите, туку ги прошируваат нивните можности и ја зајакнуваат нивната важност.

Затоа, критиката или освртот само потсетува (или, „треба да не’ разбуди“ ) дека театарската претстава потребно е да се прави, (создава) за публиката, а не само за театарските работници и оние кои го познават стручно театарот.

Критиката ( или новинарските осврти) немаат улога на форензичарски анализи, туку тоа е лек за разбудување и подобрување на заедницата – заспана, суетна и самобендисана!

И, драги мои, затоа најдобро е да му се оддаде признание на критичарот, за и тој самиот да стане критичар на критичарот. Здраво е, храбро е, и – мотивирачко е!

Зашто време е да се разбие долгата тишина во културата, да се разбере пораката, а не да се убие добронамерниот гласник!

 

Пишува Елизабета Филипоска, новинар

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Игески: Веселин Тофоски „ме инфицираше“ со спортското новинарство (ВИДЕО)

Денес наш соговорник во студиото беше спортскиот новинар Зоран Игески, како еден од предложените личности на нашата анкета 13 вечичествени. Тој е долгогодишен посветен проследувач на спортот во Прилеп, а веќе две и пол години успешно го води единствениот интернет портал за спорт во Прилеп, Шампион. Во неговиот спортски бележник...

На првата седница од новата година опозицијата ја напушти Седницата на Советот на Општина Прилеп

Денеска на првата Седница на Советот на Општина Прилеп, во новата 2025 година, на кои треабше да се разгледаат и усвојат финансиските извештаи за 2025 година на јавните комунални претпријатија  и финансиските извештаи на образовните институции, опозицијата на стартот  ја напушти седницата, со образложение дека не сака да присуствува, бидјеќи...

По петти пат, капење во Плетвар по повод Водици (ВИДЕО)

И годинава, по петти пат ќе се одржи традиционалното капење по повод Водици во езерото во  с. Плетвар.  Досега за ова одбележување на празникот Богојавление (Водици) се пријавиле над 80 учесници, а сите што имаат желба да се пријават, можат тоа да го сторат најдоцна до петок, 17 јануари на...