Уапсени двајца дрвокрадци во долненско

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 30.10.2024 во 17 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Ропотово во  с.Црнилиште, општина Долнени биле лишени од слобода Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште. На 30.10.2024 полициските службеници од Полициско одделение Ропотово, врз основа на наредба на Основен суд Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 ст 3 и чл.226 „пустошење на шуми“ извршиле претрес во дом и други простории кај  Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени, при што биле пронајдени и одземени околу 15 м3 огревни нежигосани дрва. Дрвната маса е предадена на шумска полиција , а по документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прогласена е кризна состојба во земјава од 30 дена поради зголемeна појава на пожари

Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти Владата. Одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина. Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на...

Жителите на Мало Коњари и Кадино село да пријават штети од невремето на 27 јуни

Општина Прилеп ги известува жителите на селата Мало Коњари и Кадино село да пријават штети настанати на земјоделските посеви и насади од невремето од пороен дожд, ветер и град кое на 27 јуни ги зафати атарите на овие две села: КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА...

ИКТ Центарот во Прилеп ќе чува податоци од Народна банка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи (и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка. Центарот во Прилеп...