Уапсен убиецот и четворица помагачи во врска со убиството во Штип, сите државјани на Турција

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип.

На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле  А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Граѓанска акција за почисто Кочани: „ДОСТА БЕШЕ“ го уреди просторот околу Спомен домот АСНОМ

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани успешно ја реализираше акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ, на која се приклучија граѓани и претставници на здруженија од градот. Со заеднички труд и ангажман, учесниците работеа на расчистување на просторот и уредување на зелените површини околу Спомен домот, придонесувајќи за

Над 100.000 корисници пријавија проблеми со Facebook, Instagram и Messenger…

Стотици илјади корисници денеска пријавија проблеми со пристапот до Facebook, додека дел од корисниците се соочуваат и со потешкотии при користењето на Instagram и Messenger. Според податоците на платформата DownDetector, проблемите започнале околу 9:30 часот по источноамериканско време, а досега се регистрирани повеќе од 100.000 пријави за недостапност на Facebook. Корисниците наведуваат дека не можат

Дваесет години од рестартирањето: Рудник Саса продолжува да инвестира во луѓето и локалната заедница

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска (12 јуни 2026) одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. Во рамки