Тутунските работници имаат свој ден – 4 ти април!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денот на тутунските работници се одбележува на 4 април. На овој ден во далечната 1938 година тутунските работници на чело со Борка Левата организирале штрајк во монополот борејќи се за своите синдикални права. Од тогаш традиционално овој ден е се чествува како своевиден празник на тутунските работници и секоја година се празнува во Македонија.

По тој повод, денеска на 3 ти април, во Тутунски Комбинат АД Прилеп со интерна прослава компанијата го одбележала своевидниот празник. Биле доделени признанија и награди за работниците со долгогодишен стаж. Комбинатот ги наградил за лојалноста работниците со 10, 20, 30 и за прв пат годинава со 40 години работен стаж, кои што според Колективниот договор, се вредносни награди во висина од 30%, од 50%, од 60% и 100% од платата, како и признанија за нивниот придонес во компанијата.

Традицијата за одбележување на Денот на тутунските работници продолжува и кај здруженијата кои повеќе децении се присутни во Македонија. Утре во Прилеп во хотелот Салида од 11 часот Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија, свечено ќе го одбележи Денот на тутунските работници.

„Настанот е посветен да им се оддаде признание на трудот и придонесот на тутунопроизводителите кои имаат значајна улога во развојот на земјоделството и економијата, а ќе бидат отворени прашања за значењето на тутунопроизводството, ќе се дискутира за актуелните состојби и предизвици во секторот, можноста за развој,“ стои во поканата до медиумите и јавноста. 

Оваа година Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија одбележува 72 години од постоењето. Организацијата до 2024 година беше легитимен претставник на тутунопроизводителите во преговорите за законски измени и претставник за преговори околу откупните цени и условите за тутунопроизводство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полицијата во Прилеп привела тројца под сомнение за продажба и поседување на дрога

Од билтенот на СВР Битола за подрачјето на Прилеп – полицијата приведе тројца под сомнение за продажба и поседување на дрога:

Промоција на новото дело на Венко Андоновски „Александар јава на запад“

Во Градската библиотека „Борка Талески“ в петок, на 3 ти април од 18 часот ќе се одржи промоција на новото дело од Венко Андоновски, “Александар јава на запад”.Промоторка на настанот ќе биде Габриела Стојаноска-Станоеска, позната поетеса, раскажувачка и критичарка од Прилеп, добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“ и на повеќе...

(ФОТО-ВИДЕО)Видевска до младите: тука е вашето гнездо – вие сте иднината и надежта на Прилеп

Со достојна почит кон делото на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров, денеска вработените и учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ го прославија патрониот празник – одбележување на 161 година од неговото раѓање. По тој повод беше положено свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп и...