Тутнопроизводството и тутнопроизводителите се столб на прилепската локална економија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски заедно со Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство,  Цветан Трифуновски, го посетија откупниот пунк на Тутунскиот комбинат каде се одвива откупот на тутунот во прилепскиот регион. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски при оваа прилика ја истакна важноста за кавлитетен откуп на оваа индустриска култура, која носи приходи во лакалната заедница и кој е значања за развој на локалната економија.

„Тутнопроизводителите и тутнопроизводството е наша традиција, но пред се столб на нашата локална економија. А, прилепскиот регион е носечкиот регион во однос на производството на оваа стратешка култура во државата. Обработката на оваа индустриска култура обезбедува егзистенција за голем број семејства и придонесува за развојот на нашата општина.  Како градоначалник, стојам на заложбата за поддршка на оваа категорија граѓани, кои носат значителни приходи во нашата општина. И, еве, тука со Министерот за земјоделије, Цветан Трифуноски и со директорот на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Александа Алксовски, како компанија за откуп и преработка на тутун,  ќе продолжиме да ја следиме состојбата со откупот на тутунот и правилното вреднување на трудот на нашите тутунопроизводители. Како локална самоуправа, мојата заложба е да ја зајакнеме и подобриме економската стабилност на Прилеп и да обезбедиме сигурна иднина за тутнопроизводителите кои, како што реков, се еден еден од стожерите на нашата локална економија, па во таа насока продолжувам како градоначалник да ги  застапуваме  нивните интереси пред надлежните државни институции.“ – истакна градоначалникот на Прилеп, Проданоски.

Според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над еден милион и седумстотини килограми тутун, по просечната откупна цена по килограм од 419 денари, што е за речиси 19–20 денари повисоко од минатогодишната сезона.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...