Трипуновски: Откупени над 10.000 тони оризова арпа – институциите го следат процесот во кочанско

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
 Откупот на оризовата арпа од минатогодишната реколта во кочанскиот регион се одвива континуирано, а досега се преземени над 10.000 тони, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Тој посочи дека и покрај временските неприлики и задоцнетата жетва, процесот се следи внимателно, со цел да се заштитат оризопроизводителите.
Го следиме откупот и сакам да порачам дека оризопроизводителите никогаш не биле оставени сами. Доколку има потреба, институциите ќе реагираат за да се заштити нивниот труд, изјави Трипуновски.
Министерот потврди дека е реализиран и планираниот откуп за државните стоковни резерви, при што се обезбедени 2.400 тони ориз.
Во однос на недостигот од семенски материјал, најави дека Институтот за ориз во Кочани веќе работи на негово производство, а првите количини се очекуваат да бидат достапни уште во текот на оваа сеидба.
Според надлежните, годинава ориз ќе се сее на околу 4.000 хектари во кочанскиот регион

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка