Трипуновски: Очекувам поуспешна откупна тутунска сезона од ланската

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Откупот на тутунот започнува утре, вторник, 18 ти ноември. Сите процедури на 10 те откупни компании за верификација на мострите и обезбедување на потребните гаранции за исплата на откупените количини се испочитувани. Останува на компаниите сами да одлучат кога ќе ги отворат вратите за прибирање на актуелната реколта. Со сигурност утре ја стартува откупната кампања Тутунски Комбинат АД Прилеп што беше повод за денешната посета на ресорниот министер Цветан Трипуновски.

Оваа година имаме одличен квалитет на тутунот, што значи дека ќе ја проложиме традицијата на едно квалитетно производство. За разлика од минатата година, кога постигнавме еден сериозен успех, имаме околу 11% зголемени површини и пријавени земјоделски стопанства во делот на одгледувачи на тутун, што значи дека веќе го враќаме овој стратешки производ на пиедосталот, односно на рамките како што било во минатото. Ние како министерство остануваме посветени да го следиме целиот процес на откуп преко Земјоделскиот  инспекторат, кој што е надлежна институција за следење на откупот на земједолските производи. Очекуваме дека ќе имаме една мирна сезона, која што ќе биде поуспешна од минатата година. Сите откупувачи кои што поднесоа барања, обезбедија средства согласно законските процедури, и некаде оваа година имаме 337 откупни пункти кошто ќе функционират во текот на откупот во наредниве месеци, посочи Трипуновски.

Во однос на цените останува на откупните компании да ја  приспособат висината според понудата на високиот квалитет. Разликите во цени од оние во договорите кои се во рамки на ланските, би се надополнувале со анекси.

„Очекувам дека со самиот почеток сите ќе ги нивелираат цените,  и ќе дојде до максимум кој ќе е понуден од откупните компании,  односно 420 денери за првата класса, и тоа очекувам дека ќе се случи на самиот почеток.Тоа е процес кој самите компании го водат внатре во својата раководна структура. Секогаш, нормално дека може поголеми цени, меѓутоа, јас не би навлегувал сега во делот на самите компании.  Сепак треба да одговорат тие на овие прашања,“ рече Трипуновски.

Сојузот е подготвен за стартот на откупот со обезбедени претставници на сите 337 ваги.  Преговорите за зголемување на цените сеуште траат:

„Како сојуз, ние сме спремни за почетокот на откупот, така што сите 337 покријани се повереници. Очекуваме дека оваа реколта да помине многу лесно и да биде брз откуп. Така да земједелците, односно тутунопроизводителите, да не стравуваат дека ќе му биде откупен тутунот до последно кило. Ние немаме престанато со преговори, и во текот на самиот откуп, ние ќе бараме поткревање на цената, до самиот крај на откуп, ние ќе бараме подкревање на цената, колку ќе успееме, ќе видиме,“ рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Што се однесува до субвенциите годинава тие се на ниво од 80 денари за прва, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа. Оваа година сите тутунопроизводите добија поддршка за зелена нафта:  1 100 денари по декар и дополнително површинска мерка од 600 денари од декар која што е исплатена, и според ресорниот министер ќе продолжи и во наредниот период.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...