Три лица повредени во сообраќајка во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул.,,Гоце Делчев” и ул.,,Архиепископ Доситеј” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., додека со телесни повреди се здобиле П.А. и неговата сопатничка К.П.(38) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња за вториот круг од Локалните избори 2025

.Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола изутрината започна дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025. Од ДИК велат дека дистибуцијата на избирачкиот материјал се одвива без никакви проблеми. В недела ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје....

Конституиран Советот на Општина Прилеп, Билјана Кржеска е новиот претседател

Во општинската собраниска сала во Прилеп денеска беше конституиран новиот 27 член на Советoт, кој ќе работи во следните четири години и ќе донесува одлуки значајни за функционирањето на општината и за подобрување на животот на прилепчани. Новиот состав има 17 советници од ВМРО ДПМНЕ, шест од СДСМ со Коалицијата,...

Претрес во Прилеп, пронајдени муниција и пиротехнички средства, лишено од слобода едно лице

На 29.10.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.В.(40) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основен суд  Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол,...