Три дена гори мариовско – постои опасност за активација на стари гранати

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По три дена ,пожарот мариовско Бешиште, на границата со Грција, сѐ уште е активен, а според последните информации од Центарот за управување со кризи, гори шума со бор, даб и бука како и сува трева на површина од околу 100 хектари.

Од ЦУК велат дека дополнителна потешкотија за гаснењето е и ризикот од постојаните детонации од заостанати гранати од предходните војни.

Пожарот е во два краци – кон месноста Уров во атарот на с. Бешиште и кон селото Градешница во Општина Новаци, на многу непристапен терен за гаснење. Во моментот интервенираат петмина пожарникари со едно возило од Прилеп и три лица со едно возило од шумската служба „Црн Бор“.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пуштен во употреба експресниот пат Фариш-Дреново

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска,  отворена е за сообраќај и оваа делница.   Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за...

Прилепско Поле: Решен проблемот со дефектот на хидросистемот – вода за наводнување на Левата падина има

АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, преку соопштение информираа дека го отстраниле дефектото на хидросистемот во делот кој што ја опфаќа Лева падина на прилепско поле и која речиси, повеќе од еден месец, беше не функционална. Во соопштението се вели: Повеќе од еден месец, во екотна тутунопроизводството целата лева падина од прилепскиот...

Прилепчанецот Исидор Јованоски награден во Србија

Вечерва во Мал град на Смедеревската тврдина  во Смедерево, Република Србија, свечено е затворен дванаесеттиот меѓународен амбиентален театарски фестивал „Театар во тврдината“. Завршната вечер започна со доделување на фестивалските награди за кои одлучуваше стручно жири во состав Исидора Миниќ, драмска уметница,  д-р Зоран Максимовиќ, театролог и претседател на жирито и...