Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во мирување им е работниот однос на полициските службеници кои беа опфатени со истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Јавното обвинителство е органот којшто е надлежен да постапува во овој дел, а истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал сѐ уште не е завршена и тоа одлучува, преку судските органи за статусот на полициските службеници. Во рамки на функционирањето во Министерството за внатрешни работи, нивниот статус е замрзнат, односно во рамки на овој временски период ќе бидат оддалечени од вршење на функција во рамки на тековното функционирање, истакна министерот Тошковски.

Во врска со барањето на родителите на починатите во пожарот за одговорност од МВР, Тошковски смета дека тие имаат легитимно право да бараат одговори од институциите.

– Она коешто требаше да бидат сторено од Министерството за внатрешни работи, како институција, е сторено. Во рамки на целокупниот временски период сметам дека ѝ покажавме на македонската јавност и на македонските граѓани дека можело и поинаку да се работи, покажавме дека може да се работи неселективно. И покрај сите обвинувања, покажавме дека можеме да имаме еден нормален пристап кон работите и покрај сите обвинувања од страна на опозицијата. Покажавме дека без оглед на име и презиме, без оглед на кој инволвирал, кој бил близок со некого или кој не бил близок, дека Министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи за оние за коишто има докази, за оние за коишто има услови на сомнение доведено на одредени ниво, да не процесуира постапка. Тоа го докажуваме на дело, не знам по кој пат во рамки на мандатот на оваа Влада, и ќе продолжиме да го потврдуваме во иднина, за разлика од претходно, изјави министерот Тошковски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка