Тодоров: Руралниот дел од Општина Кочани мора да добие подеднаков третман со градската средина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани, Зоран Тодоров, со дел од кандидатите од неговата советничка листа, денеска одржа прес конференција. При тоа, говореше за проблемите што ги имаат граѓаните од руралниот дел од општината во погледна на патната инфраструктура и образованието, пред се. Го допре и проблемот со дивата сеча на шумата на Осоговијата, најави поврзаување на двата манастира, Св. „Пантелејмон“ во селото Пантелеј и Св. „Гаврил Лесновски“ во Лесново.

Граѓаните од полските села во Кочанско се дискриминирани затоа што немаат градски превоз кој ќе ги поврзе нивните домови со централното градско подрачје. Овде нудам две решанија: формирање јавно превозно претпријатие или еколошки превоз со електрични автобуси. Ова ќе се бара решение за да нема дискриминација на луѓето од помалите населени места. Децата од училиштата во селските средини, исто така, мора да добијат еднакви услови за школување како и оние во градската средина, нагласи Тодоров.

Освен ова, тој смета дека патот кон Крушка и Костин Дол е небезбеден и мора да се поправи. Градот со овие две села на Осоговските Планини мора да има нормална патна комуникација. Ова мора да се направи во итен рок бидејќи не претставува некој голем трошок, вели Тодоров.

Овие две села и останатите, ќе бидат посебно стимулирани преку европски фондови, затоа што се идеални за рурален и планински туризам. Секако, неопходно е поврзување на двата манастира – „Пантелејмон“ и „Гаврил Лесновски“, односно поврзување на селата Рајчани и Злетово, дотолку повеќе што добар дел од патот веќе е изграден, издвои Тодоров.

Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров, на крајот од денешниот прес нагласи дека Општината е должна подеднакво да се гриж  са сите граѓаните, посебно за оние во руралниот дел кои според него до сега биле дискриминирани, вклучувајќи ѓи и земјоделците.

Оризот мора да добие загарантирано откупна цена,  општината мора да биде вклучена во одлучувањето во врска со стоковите резерви, плановите за наводнување и сеидба на земјоделските култури, дециден е Тодоров.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на