Тодоров: Руралниот дел од Општина Кочани мора да добие подеднаков третман со градската средина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани, Зоран Тодоров, со дел од кандидатите од неговата советничка листа, денеска одржа прес конференција. При тоа, говореше за проблемите што ги имаат граѓаните од руралниот дел од општината во погледна на патната инфраструктура и образованието, пред се. Го допре и проблемот со дивата сеча на шумата на Осоговијата, најави поврзаување на двата манастира, Св. „Пантелејмон“ во селото Пантелеј и Св. „Гаврил Лесновски“ во Лесново.

Граѓаните од полските села во Кочанско се дискриминирани затоа што немаат градски превоз кој ќе ги поврзе нивните домови со централното градско подрачје. Овде нудам две решанија: формирање јавно превозно претпријатие или еколошки превоз со електрични автобуси. Ова ќе се бара решение за да нема дискриминација на луѓето од помалите населени места. Децата од училиштата во селските средини, исто така, мора да добијат еднакви услови за школување како и оние во градската средина, нагласи Тодоров.

Освен ова, тој смета дека патот кон Крушка и Костин Дол е небезбеден и мора да се поправи. Градот со овие две села на Осоговските Планини мора да има нормална патна комуникација. Ова мора да се направи во итен рок бидејќи не претставува некој голем трошок, вели Тодоров.

Овие две села и останатите, ќе бидат посебно стимулирани преку европски фондови, затоа што се идеални за рурален и планински туризам. Секако, неопходно е поврзување на двата манастира – „Пантелејмон“ и „Гаврил Лесновски“, односно поврзување на селата Рајчани и Злетово, дотолку повеќе што добар дел од патот веќе е изграден, издвои Тодоров.

Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров, на крајот од денешниот прес нагласи дека Општината е должна подеднакво да се гриж  са сите граѓаните, посебно за оние во руралниот дел кои според него до сега биле дискриминирани, вклучувајќи ѓи и земјоделците.

Оризот мора да добие загарантирано откупна цена,  општината мора да биде вклучена во одлучувањето во врска со стоковите резерви, плановите за наводнување и сеидба на земјоделските култури, дециден е Тодоров.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ѓорѓиоски и Ситновска во Кочани реализираа Сатирична работилница за деца

Денеска  во просториите на ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани се одржа Сатирична работилница за деца, проект подржан од Министерството за култура и туризам. Работилницата ја водеа Миле Ѓорѓијоски, писател сатиричар и Софија Ситновска, илустратор. Од двајцата децата се запознаа со тајните на пишување и илустрирање на детските афоризми и епиграми. Покрај тоа, посетителите на работилницата

Грозданов: Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД ќе се вклучи во лекување на повредените деца од Кочани

Докторот Владко Грозданов, предложен од ВМРО – ДПМНЕ како надпартиски кандидат за градоначалник на Општина Кочани, денеска најави партнерство со Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД за две клучни цели – обезбедување највисоко ниво на грижа за повредените во тргедијата од март годинава и поддршка во модернизацијата на болницата во Кочани, според најсовремени медицински и

Општина Зрновци со нова механизација за ефикасно летно и зимско одржување на патиштата

Општина Зрновци реализираше нов капитален проект со набавка на трактор и современа приклучна комунална механизација, со што значително ќе се унапреди одржувањето на локалната патна инфраструктура. Новата опрема ќе овозможи поефикасно и навремено чистење на снег во зимски услови, одржување на зеленилото и патиштата во текот на летото, како и подобрување на хигиената и уреденоста