Тодоров на прес: Ќе се откажам од паушалите, патните трошоци и мобилниот телефон

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани подржан од група граѓани, Зоран Тодоров, денеска на прес конференција рече дека првата негова одлука доколку биде избран на таа функција ќе биде откажување од паушалите, патните трошоци и службениот телефон.

Вчера заврши рокот кога останатите советнички листи можеа да ја потпишат декларацијата со која се откажуваат од советничкиот паушал. До денес никој не се одзва, ниту ја потпиша декларацијата. Доколку не им е јасна или не им се допаѓа, ги замолуваме тие да ја напишат содржината, а ние ќе ја потпишеме, порача Тодоров.

Тодоров на пресот излезе со ветување дека тој и неговата администрација ќе бидат поефикасни отколку сегашните, дека ќе има прецизни рокови за решавање на проблемите на граѓаните и дека Кочани ќе го придвижи во насока да прерасне во еден развиен и модерен град.

Осве ова, независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани, Зоран Тодоров, најави покренување иницијатива со која ќе бара општината да учествуаат во изготвување на планот за наводнување на земјоделските површини. Исто така, доколку тој биде избран за градоначалник, ќе побара општините да учествуваат и во изготвување на планот за сеидбана земјоделските култури.

Мораме да им помогнеме и на земјоделците, да застанеме на нивна страна, бидејки централната власт не ги разбира проблемите со кои тие се среќаваат, рече, Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник предложен од група граѓани, денеска на средбата со новинарите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за