Teaтарски белешки (7): Само пеењето беше убаво…

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Немав билет за претставата „Рацин“ на театарот Јордан Хаци Константинов-Џинот, а баш сакав да ја погледнам. За среќа пред почетокот на друга претстава, пријатели ми посочија да прашам во билетарницата и најдов билет. Многу се израдував оти особено ми беше важно ја ја гледам оваа претстава. Зошто? Заради мојата драга долгогодишна пријателка, актерката Весна Бобевски, заради Васил Зафирчев, Слободанка Чичевска, Талија Настова и особено заради Исидор Јованоски.

Весна сакав да ја изгледам во оваа претстава, Слободанка и Талија се имиња кои веќе градат свој актерски пат и сакав да ги гледам, а Васил и Исидор заради мојата воодушевеност која трае до денес, предизвикана од претставата „Нема струја за електричниот стол“. И секако заради самиот наслов на претставата „Рацин“ кој упатува на поетот и револуционер Кочо Рацин како една од најстаменитите личности и во револуционерната борба и во поезијата.

Големи очекувања, а разочарувањето огромно. Уште во првите петнаесет минути сфатив дека ова ќе биде една катастрофална претстава. Го содржеше сето она што воопшто не се совпаѓа со мојата естетика и со моето поимање за театарска претстава. Цела претстава може да се објасни со четири  збора, а тие се режисерска и драматуршка претенциозност.

Претстава во која смислено се натрупува сценографија, костимографија, сценски движења, голотија, музика…А од актерската игра ни трага ни глас. Исто така и од текстот. Кутрите Рацинови стихови одвратно интерпретирани, агресивно и невкусно. Вакво сквернавење на поезијата на Рацин би требало да се забрани. Единствено нешто што беше добро во оваа претстава е божествениот глас на девојката која пееше во живо во претставата. И музиката воошто. За музика оваа претстава би можела да добие и награда.

Буквално ова ми личеше на една збирштина со која се сака да се привлечат и окупираат сите сетила на гледачот, а да не се каже ништо. Да биде дречливо, наметливо, да се дозира патриотизам, голотија…Интеракцијата со публиката беше очајна. Всушност таа и не постоеше се до моментот кога актерите слегуваат кон публиката со фенери, па претходно подготвени гледачи читаат поезија од Рацин. Мизерија. Во тој момент пропаднав од срам.

Целта веројатно е да се претстави театарски спектакл, но ова не беше ниту театарска претстава, а уште помалку театарски спектакл. Се чувствував понижено како гледач, плус и исчаден и загушен од сценскиот чад. За жал режисерската желба да се биде сепктакуларен и да се направат спектакуларни сценографии, костимографии, сценски движења и реплики, сосема ги запсотавил актерите. Исидор Јованоски кој според мене е ретко талентиран актер, во оваа претстава беше само злоупотребен. Злоупотребени беа неговите можности за гримаси, емотивна и мисловна фацијална експресија, виталност за движење на сцената. Тажно.

Кога почна претставата сфатив дека ќе биде здодевна и според сета поставка си помислив, ова мора да е режија на Мартин Кочовски. Но, тоа да ти бил Дејан Пројковски, а драматург е Сашо Димоски. Што сакаа да кажат драматургот и режисерот? Патем драматургот Димоски особено ме воодушеви како автор на книгата „Алма Малер“ за сопругата на композиторот Густав Малер, дело кое беше поставено на малата сцена на МНТ со маестралната игра на Милица Стојанова и Звезда Ангеловска. Сакам да кажам, ова се силни репрезентативни уметнички имиња кај нас, но ова вечерва беше тотален дебакл. Со душа чекав да заврши уште пред половина час пред крајот и сто пати погледнав во часовникот. Тој момент ми е доволен показател колку ми се допаднала претставата.

И првпат, а се надевам и последен ја заокружив најлошата оцена за претставата. Според разговорите со пријатели, генерално впечатокот е ист. Сретнав и луѓе на кои им се допаднала, а некои дури беа и воодушевени. И тој контраст, го прави посебно театарското доживување.

Баш уживав претходно во „12“, „Сите прекрасни нешта“, „Црно семе“ и „Парови“. Што ми требаше ова вечерва!? Но не е се’ така црно. Одлично си поминав на дружбата и забавата во бифето на летната сцена. Толку ми беше убаво што се вратив пред малку, а сега е 2 часот и 11 минути.

 

Пишува: Филип Димкоски

Фото: НТ „Јордан Хаџикоснтантинов-Џинот“-Велес

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сите даваа поддршка, но нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна

Пропадна обидот на ЛДП да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листа. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. Иако од ВМРО ДПМНЕ не гласаа „за“ предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тие поддржуваат една изборна единица. Според Мицкоски, темата се покренала...

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: До 31 јули отворено е e-барање за поднесување за 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е отворен електронскиот систем за поднесување на барања за директни плаќања во земјоделството. Краен рок за поднесување на барањата е 31. 07. 2025 година. Во овој период се поднесуваат барања за: – растително производство по обработлива...

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска...