Театарски белешки (3): Кога имаш сè, а не гледаш ништо!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Отсекогаш мислам дека театарот е тој што треба да те издигне, да те мрдне од дното, да ти подаде рака да излезеш од калта, па без оглед дали тоа ќе биде преку мисловна напнатост, смеа до солзи, плачење или пак некако поинаку, но сигурно преку живиот збор и живата игра.

Деновиве на 59 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ пак си потврдувам дека театарот и книгата ми се многу поблиски од филмот. Театарот директно „ми мава“ во сетилата и јас се чувствувам како да сум на сцена. Се разбира, ако претставата е добра.

Вечерва ја одгледав „Сите прекрасни нешта“  во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на театарскиот ансамбл при Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип.

Годинава досега изгледав три претстави и сум мошне задоволен. Како македонскиот театар да направил еден добар исчекор за  напред. Како да се надминале некои болештини поттикнати од желба да се биде посебен, авангарден и да се биде нешто што не си. Баш убаво и надежно.

Оваа вечерашнава беше една нормална, семејна секојдневна, тажна но истовремено и надежна и топла приказна за животот. На малата сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ веројатно секој гледач си најде едно делче од претставата за кое почувствува дека е речено само за него и дека актерите баш нему му се обраќаат.

Во ова денешно време, веројатно ова е претстава која треба да ја изгледа секој. За цена од една карта, како да сте отишле на психолошки третман. Да, и овде нема да ви биде незгодно и нема да се срамите дека сте отишле на психолог (тотално е без врска да се срамите да одите на разговор кај психолог или психијатар).

Претставата засега дилеми кои ги има секој човек, прашаува колку секој од нас е способен да се согледа себе си, колку е смел да побара помош, колку е храбар да да ја освести причината за својата состојба, но и колку благодарен кон животот и кон она што го има.

Кога се преиспитувам себе си, сфаќам дека многупати кога сум незадоволен или разочаран, таа состојба произлегува од неблагодарност. Неблагодарност од тоа што го имам и загледаност кон тоа што ми недостасува. Бллагодарноста е клучот кон среќниот живот. Кога човек сфаќа дека сите прекрасни нешта од нашето детство треба да останат прекрасни и важни во целиот наш живот оти токму сокот од јагоди, излетот со родителите, сентименталноста, книгите, држењето за рака, приказните пред спиење, шеќерната волна и лижавчето се оние ситници што го прават животот среќен. Голема и далечна среќа не постои! Среќата е тука и треба да ја видиш, а гледајќи ги секојдневните убави нешта, поподнослива и поиздржлива ја правиш својата судбина. И ако судбината е нешто што го добиваме, управувањето со неа сепак е во наши раце. Има надеж додека си жив, да ги видиш прекрасните нешта, повторно да станеш дете и да живееш со полни гради.

Пишува: Филип Димкоски

Фото: НУЦК „Ацо Шопов“-Штип

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Карпи, мегалити“ прва самостојна изложба на уметникот Михаил Паскоски

На Маркови Кули кај карпата Слонот во Прилеп в недела на 17 ти мај, од 11 и 30 часот, на отворено,  Михаил Паскоски ќе ја одржи својата прва самостојна изложба на графички дела. Михаил Паскоски (2000) е роден во Прилеп, каде го поминува своето детство и завршува основно и средно...

Приведен 14 годишник, возел без дозвола

Од полициската хроника информација за приведување на малолетник од долненско кој управувал со автомобил: – На 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај с.Сарандиново, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 14 – годишен жител на с.Пешталево, општина Долнени. При контрола во сообраќајот полициските службеници...

Државни прваци во ракомет се учениците од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп

Учениците од основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ се државни прваци во ракомет. На Државното првенство во ракомет (машки) за основни училишта кое се одржав во салата на ООУ „Добре Јованоски“,  тие покажаа борбен дух, црврста и организрана игра и заслужено беа победници на турнирот во организација на  Федерација на училишен спорт...