background-1

Teaтарски белешки (2): Kаде го снема пркосот?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Бисовите на преполната голема сала на НУЦК „Марко Цепенков“ повеќе од доволно зборуваат за маестрално одиграната претстава „Црно семе“ на Народниот театар-Битола.
Како посветен гледач, воодушевен сум од театарската подготвеност на актерите и тоа од сите до еден, од нивната сплотеност на сцената, нивното владеење на текстот на Ташко Ѓорѓиевки во кој умешно беше вметнат по некој стих на Петре М. Андреевски, од сценските ефекти, сцеографијата, костимографијата. Едноставно, комплетно прекрасна театарска претстава.
Секоја чест за режисерот Андреј Цветановски што на класичен начин ја поставил претставата, без непотребни импровизации и кич моменти.
А ваквите претстави воодушевувачки и страшно е колку се живи и актуелни и денес. „Црно семе“ за жал се повторува и денес. Ваквата судбина ја живееме и денес. Како се справуваме со неа, тоа е друго прашање.
Колкумина се Доне Совичанов? Кај ни е пркосот? За колку се продадовте и за колку се продавате секојдневно? Колку вреди еден човечки живот? Колку знаеме што е човечко достоинство и колку сме подготвени да се бориме за зачувување на истото? Кому кршиме камења за да му крвават колената?
Искрен и длабок поклон НТБ! Ми мириса на награда…
Пишува: Филип Димкоски
Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ребаланс на Буџетот и низа обвинувања и дискусии за проектните остварувања

Ребалансот на Буџетот на Општина Прилеп за 2025, предложен на денешната 63  Седница,  предизвика низа дискусии, поврзано и со предлог – развојните програми на општина Прилеп за период 2025-2027 година и предлогот за субвенционирање на ЈКП за 2025 година. „Ребаласот не дава никаков економски просперитет на градот“- констатира советникот, Никола...

Автопат Прилеп – Битола, градоначалниците на увид во градежните активности

За тоа како се одвива реализацијата на градежните активности на автопатот Прилеп – Битола утре, 11 јули, во работна посета и увид на терен ќе имаат тројцата градоначалници на Прилеп, Битола и Могила.  Посетата е организирана со цел да се прикаже напредокот на градежните активности на клучната делница 4 од...

По кражбата, водоводот до манастирот „Трескавец“ вратен во првобитна состојба

По кражбата, водоводот до манастирот „Трескавец“ вратен во првобитната состојба Водоводот до манастирот Трескавец, кој требаше да биде пуштен во употреба во март,  е обновен. Директорот на ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп, Игор Гулабоски посочи дека по настанатата гражба на почетокот на годината на дел од водоводниот систем, локалната...