На 29 март (недела), во салата во Кривогаштани, ќе се прикажува театарската претстава „Сваќи“ – урнебесна комедија во изведба на ученици од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево. Драмскиот текст за комедијата е од авторот Коста Хасану – КОКО создаден пред повеќе од триесет години, кој воедно и ја изведувал претставата. Денес, ова дело добива нов живот преку свежата и креативна режисерска поставка на професорката Надица Нане, заедно со младите и талентирани актерки од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево.
Претставата „Сваќи“ нуди современ пристап кон традиционалниот хумор, збогатен со енергијата и ентузијазмот на новата генерација, ветувајќи вечер исполнета со смеа, позитивна атмосфера и вистинско уживање за сите генерации.
Во текот на вечерта ќе се продава и книгата „Ѕвездите светат бесконечно“, во издание на Книжевниот кружок „Васил Иљоски“, посветена на трагедијата во Кочани. Книгата ќе биде достапна по цена од 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарна помош на повредените.









