Театарот „Војдан Чернодрински“  со претставата  „ЧИСТА КУЌА“ гостува во  Гевгелија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Театарот „Војдан Чернодрински“  со претставата  „ЧИСТА КУЌА“ од Сара Рул, во превод и режија на Тамара Стојаноска на 28 октомври 2025 / вторник/ со почеток во 19:00 часот, ќе гостува во  Гевгелија на сцената на Народниот театар во Гевгелија. Oрганизацијата е на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во рамките на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Гевгелија. Влезот е бесплатен.

„Чиста куќа“ е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. Како што вели режисерката Тамара Стојаноска: „претставата зборува за непредвидливите пресврти во животот и начинот на кој се соочуваме со нив, за болката што е неизбежна, за големината на простувањето, но и за љубовта и губењето на истата таа“.

Претставата ги истражува темите на емпатија, траума, детски спомени и семејни односи, користејќи вицови како симболичен филтер преку кој ликовите се справуваат со болката и животните тешкотии. Чистењето, како што објаснува режисерката, е метафора за прочистување на внатрешниот емоционален хаос, за грижа, љубов и обид да се врати контролата во свет исполнет со несигурност.

Драматургијата е на Лидија Митоска- Ѓорѓиевска, сценографијата и дизајнот на плакатот и рекламниот материјал се на Филип Коруновски, музички соработник е Ана Митоска, а изборот на костими е на режисерката во консултација со актерската екипа. Во претставата играат: Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска- Клинческа, Јасмина Мицовска- Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Со својата поетичност, духовитост и магичен реализам, „Чиста куќа“ на Сара Рул нуди емотивно и инспиративно театарско искуство што потсетува дека токму во несовршеноста се крие вистинската човечност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изборната трка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН во Долнени продолжува до петок, кога започнува молкот

  ДИК денеска го објави и прегледот на општините каде што нема поднесени тужби и каде гласањето е завршено, како и општините во кои ќе се одржи втор круг на изборите или прегласување на првиот поради немање доволно излезност на 19-ти октомври .Меѓу пелагониските општини во втор круг се бира...

Жена фатена како кради во продавница

Жена фатена во кражба. Крадела од продавница, а украденото при полициска интервенција, му е вратено на споственикот. На 27.10.2025 во 17:10 часот во продажен објект на ул.„Методија Шаторов Шарло” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода А.В.(41) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Таа била затекната при вршење на кражба...

Уметникот Рубенс Корубин основоположникот на неоромантизмот и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп

Уметникот Рубенс Корубин, основоположникот на неоромантизмот во светски рамки и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето. Ова беше соопштено  Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп на...