Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот.

„Последното затворање на вратата
Тоа беше обично затворање на врата…
Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.
Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,
а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот,
заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.
Наместо да ја чекам со внуци во прегратка,
јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.
Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка,
наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.
Помина време, но не и мојата болка.
Надица, ти остана вечна во моето срце,
во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина.
И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.

Потресната порака на таткото ја проследи со видеоснимка направена неколку часа пред трагедијата, на која неговата ќерка се гледа како заминува од домот со насмевка.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани  Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исплатите се однесуваат на: ∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; ∙ Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; ∙ Мерка 112

Нелегално ископување на археолошки локалитет во Виница

На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект. Полициски службеници од ОВР Виница излегле