Настанот се случил, денеска, рано утрото, во три часот по полноќ. Таксистот бил нападнат од три лица, кои му ги одзеле парите и прометот.
Немислата случка била пријавена во полција во 03:25 часот. П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле парите од прометот.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.









