Свежо цвеќе и почит за сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Во рамките на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите солунски браќа Кирил и Методиј, денеска пред споменикот на големите учители во дворот на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ беше положено свежо цвеќе.

 

 

Почит кон рамноапостолите и основоположниците на словенската писменост оддадоа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Драган Трајчев, како и повеќе општински делегации, претставници на јавниот и општествениот живот, наставниот кадар и првачињата.

 

Пред споменикот, присутните изразија длабока благодарност за епохалното дело на сесловенските просветители, кои со создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, ги отворија вратите на описменувањето и културниот развој на словенските народи.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Осогово“ утре домаќин на меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“

ГФК „Осогово“ утре, 24 мај  (недела), на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе го организира меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“ во категоријата пионери. Покрај домаќинот „Осогово“, на турнирот ќе учествуваат и екипите на „Борец“ од Велес, „Слога“ од Виница и „Саса“ од Македонска Каменица, а љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат интересни

„Осогово“ со 54 бода и директен опстанок ја заокружи успешната сезоната 2025/26

ГФК „Осогово“ денеска го одигра последниот натпревар во рамки на 30. коло од Втората македонска фудбалска лига, со што официјално беше спуштена завесата на успешната натпреварувачка сезона за „жолто-сините“. Во последниот меч од сезоната, жетварите одигра нерешено 3-3 против екипата на „Новаци“, во дуел исполнет со голови и возбудувања. Кочанскиот второлигаш сезоната ја заврши на

Зрновци: 150 учесници трчаа на урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

Околу 150 натпреварувачи од сите возрасни групи учествуваа на петтиот традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“ во чест на прерано починатиот жител на општина Зрновци, Васе Ангелов. Се трчаше на патеки долги два и четири километри, од мултинаменското спортско игралиште на влезот во Зрновци, потоа низ улиците во општината, при што крајната цел беше повторно игралиштето