Светскиод ден на театарот го oдбележуваме со Бобан Алексоски и со Борче Василески!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денес во рамки на програмата Радио што се гледа, на програмата на Радио Пела, емитувавме програма по повод 27 март-Светски ден на театарот.

Наш гостин во студиото беше режисерот Борче Василески, а благодарение на социјалните мрежи реализиравме и разговор со актерот Бобан Алексоски.

Во двата инспиративни разговори со актерот и со режисерот, опфативме многу апсекти и прашања поврзани со нивното прво стапнување во театарот, магијата која ги обзела, креативниот младешки порив кој ги тера да креираат, предизвиците со кои се соочуваат, успесите кои ги постигнуваат, пораките кои ги упатуваат….Неизбежно беше да ја спомнеме и моменаталанта состојба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ кој беше затворен токму неколку дена пред денешниот Светски ден на театарот.

Разговорите можете да ги погледнете подолу во објавава, преку YouTube, a и на нашата онлајн телевизија https://live.radiopela.mk/    Во 18.30 ќе биде емитуван разговорот со актерот Бобан Алексоски, во 21.30 ќе можете да го проследите разговорот со режисерот Борис Василески.

Светскиот ден на театарот се одбележува во многу држави низ светот, а по иницијатива на Меѓународниот театарски институт од 1961 година. На овој ден театрите ширум светот органзираат разни манифестации. Најважна активност е традиционалната порака која секогаш ја пишува театарска личност со светски углед. Македонската порака годинава ја испрати театарскиот и филсмки актер Емил Рубен, а интернационаланта порака ја упати грчкиот режисер  Теодорос Терзопулос. Светскиот ден на театарот во нашата земја дел од театрите ќе го одбележат со премиери, а дел со хуманитарни претстави, изложби и активности.

 

 

 

Разговорите ги водеше Филип Димкоски

Техничка реализација: Никола Димески

Продукција: Радио Пела, 27 март 2025

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...