„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со средства собрани од донации, граѓанската иницијатива „Support Kocani“ спроведе уште една активност насочена кон помош на лицата погодени од пожарот во „Пулс“.

Во оваа фаза, обезбедени се медицински креми за третман и нега, во вкупна вредност од над еден милион денари.

Станува збор за пакет кој вклучува креми со висок заштитен фактор, препарати за регенерација, како и специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници.

Овие производи се внимателно избрани со цел да помогнат во закрепнувањето и подобрување на состојбата кај повредените.

Од иницијативата информираат дека набавката е направена во директна комуникација со засегнатите лица, при што се водело сметка за нивните реални потреби.

Дополнително, процесот е олеснет со поддршка од аптеки, кои излегле во пресрет со попусти.

Производите ќе бидат достапни за подигнување во младинскиот центар „Гнездо“ , каде што ќе се врши нивна распределба до оние на кои им се најпотребни.

Од „Support Kocani“ потенцираат дека остануваат активно вклучени во обезбедување помош и поддршка за погодените граѓани, истакнувајќи дека заедништвото и хуманоста се од исклучителна важност во вакви ситуации.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува