СУ „Љупчо Сантов“ на Државен натпревар од хемиско – технолошка струка….Гразданова најуспешна, добри постигнувања на Мемедова, Петров и Златкова

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 12 декември во просториите на СУГС “Димитар Влахов” во Скопје, а во организација на Здружението на наставници хемичари и технолози од училишта со хемиско-технолошката струка – “Дијаграм”, се одржа Државниот натпревар за средни стручни училишта од хемиско – технолошката струка.

Свое учество на истиот имаше и СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани во сите четири индивидуални категории (Тест, Презентација, Експеримент и Изработка на готов производ), како и во екипната конкуренција.

Учениците од СОУ “Љупчо Сантов”, менторирани од своите предметни наставници, успешно ги демонстрираа своите знаења и практични вештини во областа на хемијата и технологијата, при што ги постигнаа следниве значајни резултати:

Индивидуални резултати: 1. Категорија: Тест Ученичка: Надалина Грозданова, IV-7 паралелка Ментор: Ирена Димитрова Јорданова – Освоено место: 1 место

2. Категорија: Експеримент Ученичка: Иљајда Мемедова, III-8 паралелка Ментор: Борче Алексов – Освоено место: 2 место

3. Категорија: Презентација Ученик: Филип Петров, II-8 паралелка Ментор: Борче Алексов – Освоено место: 3 место

4. Категорија: Изработка на готов производ – Ученичка: Јасна Златкова, III-8 паралелка – Ментор: Борче Алексов Освоено признание: Благодарница

Екипен резултат:

СОУ “Љупчо Сантов” во екипната конкуренција – 2 место.  Овие успеси се резултат на континуираниот труд и посветеност на учениците и нивните ментори, кои заеднички придонесуваат за унапредување на образовниот процес и развојот на практичните вештини во областа на хемиско-технолошката струка.

СОУ “Љупчо Сантов” продолжува да ја одржува традицијата на одлични резултати и активно учество во вакви значајни натпревари.

СОУ “Љупчо Сантов”

 

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Настанот „Пат на заздравување“ го означи почетокот на програмата за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани со гостите од Шведска

Со цел да споделува искуства, да придонесе за зајакнување на заедницата и да гради модели на отпорност, солидарност и психосоцијално заздравување по трагичниот настан во Кочани, седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска од 16 до 18 јуни престојува во Кочани. Почетокот на активностите беше официјализиран со настанот под наслов „Пат на заздравување“, на кој присуствуваше амбасадорката

Превентивни активности за безбедност на децата во сообраќајот

На крајот на учебната година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Општина Кочани и Одделението за внатрешни работи – Кочани организираше интерактивни работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“. Со едукацијата беа опфатени учениците до петто одделение во ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Св. Кирил и

Од денеска започнуваат Петровденските пости

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината започнува