Стопанската комора со поддршка за „Макпрогрес“ по големиот пожар во Виница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Стопанската комора на Македонија информира дека веднаш по избивањето на големиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се вклучила во координацијата за справување со последиците, а биле алармирани и надлежните државни институции.

Од Комората најавија дека заедно со сопственикот на компанијата ќе биде формиран кризен штаб, со цел побрзо нормализирање на состојбата и поддршка на процесот на обновување.

Притоа беше изразено жалење за големата материјална штета и за сериозните последици врз работењето на компанијата.

Според соопштението, информацијата за пожарот до Комората стигнала вчера околу 19:20 часот, кога претседателот Бранко Азески бил контактиран од првиот човек на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов.

Веднаш по тоа била известена Владата, а премиерот и дел од министрите дале насоки за интервенција на терен.

И покрај вложените напори, три производствени погони се целосно уништени.

Од Комората потсетуваат дека „Макпрогрес“ е долгогодишен и значаен член, препознаен како еден од најуспешните македонски извозници, особено во кондиторската индустрија преку брендот „Винчини“.

Оваа компанија не е важна само за регионот и за стопанството во земјата, туку и за самата Комора, бидејќи со своите активности и ангажман континуирано придонесува за создавање подобра бизнис клима, наведуваат од институцијата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Надлежните од бензинските пумпи – Дизелот е потрошен поради тоа што потрушувачката ни е зголемена за 5 пати

По објавата на Радио Кочани дека нема дизел на пумпите во регионот надлежните демантираат дека е поради поскапувањето туку едноставно резервоарите на пумпите се празни исцедени до капка за време на викендов. За викенд не се врши достава па затоа во моментов нема дизел, некои од возачите ги испумпувале резервоарите дома и  се враќале по

58 годишен виничанец со 3,30 промили алкохол ја вознемирувал поранешната партнерка…

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрирало осум пријави за семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко. Во Виничко село, во 16.00 часот бил приведен Б.Т. (58) од Виница. И покрај судска забрана да не се приближува на помалку од 100 метри и

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, таа посочи дека прегледувала документација доставена од управители на фирмите во врска со правилници за заштита од пожари и опасни материи,