Стопанската комора на трговци: Штета наместо корист ќе донесат владините мерки за ограничување на маржите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите. Комората изразува сериозна загриженост во врска со вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески:

„Според овие одлуки, се предвидува ограничување на маржите на основните прехранбени производи, при што се очекува дека цените на овие производи ќе се намалат во просек за 10 отсто, освен за млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, за кои се предвидува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат.

Сепак, забележуваме дека во својата изјава, заменик-министерот сам се демантира. Од една страна, се наведува дека основните производи се маржираат од 20-25%, што е причината за ограничувањето на маржата на 5%, но од друга страна се тврди дека нема да има значително намалување на цените. Логично е,  цените да се намалат за 15-20%, доколку се намали маржата на овој начин.

Дополнително, овие одлуки не ги заштитуваат социјално загрозените граѓани, туку најголемата финансиска корист ќе ја имаат потрошувачите со повисоки приходи. На пример, во групата на месни производи ќе треба да се намалат цените и на луксузни производи, што значи дека не се води сметка за приоритетите на граѓаните со пониски примања.

Исто така, иако Владата најави дека оваа мерка ќе опфати 1000 производи, во реалноста се работи за многу поширока листа од 3000-4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко со различни маслености, како и производи како што се детергенти и сапуни.

Целиот сектор ја дели загриженоста, иако до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат достави конкретни предлози, кои се одраз на реалната состојба. Овие предлози беа на барање на Владата. Тие имаат за цел да се обезбедат ефективни мерки за намалување на цените, а истовремено да не го загрозат опстанокот на трговските претпријатија.

Затоа предлагаме Владата посериозно да ги земе предвид нашите аргументирани предлози, кои се во согласност со Уставот и законите на државата, пред да донесува вакви сериозни одлуки, кои можат да нанесат голема штета на сите стопански субјекти вклучени во трговската дејност.

Со вакви избрзани одлуки, се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти кои имаат клучна улога во развојот на економијата. Овие компании се соочуваат со неизвесност во нивните идни инвестиции и активности, а истовремено се испраќа негативна порака до сите потенцијални инвеститори во дејноста.

Поради горенаведените причини, Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун бара итна средба со премиерот и министерот за економија и труд, за да ги разгледа последиците од овие одлуки и да ги земе предвид аргументираните предлози на компаниите од трговската дејност. Овој наш став, од неофицијални извори, го делат или го поддржуваат сите компании што се занимаваат со трговска дејност. Овие компании вработуваат 4700 граѓани и нивното функционирање е од суштинско значење за економската стабилност на државата,“ стои во соопштението од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Teaтарски белешки(5): Еден гледач повеќе

Пред неколку години првпат напишав текст со наслов „Театарот, јас и  зошто мислев дека театарот ме избркал“. Во него пишував зошто од верен гледач и редовен посетител, станав незаинтересиран за театар. Еден од главните виновници за тоа беше токму Драмскиот театар од Скопје. Изгледав во низа неколку многу лоши остварувања...

Teатарски белешки (4): „Нека помини сектава“

Во рамки на 59 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ по завршувањето на претставата „Сите прекрасни нешта“ на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип, следеше програмата насловена „Музеј во движење“ со поставки на видео  материјали и фотографски записи посветени на тројцата автори во фокус за ова издание и тоа Благоја...

Се бара исчезнато 28 годишно момче од с. Големо Коњари

Полицијата објави дека се бара исчезнато, 28 годишно лице од с. Големо Коњари. На 09.06.2025 во 21.00 часот во ОВР Прилеп, Х.Т.(51) од с.Големо Коњари, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син Д.Т.(28). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира полициајта.