Сто милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот, најави премиерот Мицковски на попладневната трибина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Инвестиции во проекти од инфраструктурата за Кочани во вредност од 100 милиони евра, најави премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на трибината „Иднина за Кочани“, што се одржа попладнево во Мулти-културниот центар.

Со нашите меѓународни партнери работиме надвор од тековните трансфери кои што ги финансира централниот буџет за капитаални инвестиции во општините, само за Кочани и овој регион да обезбедиме дополнителни отприлика 100 милиони евра, пари што ќе ги вложиме исклучиво во инфраструктурни проекти и проекти што ќе бидат додадена вредност во животите на жителите на Кочани и овој регион. Ќе повторам, тоа е програма што ќе биде надвор од тековните трошења за период од четири години, започнувајќи од 2026 година, нагласи Мицковски.

Според премиерот Мицковски, државата и Владата стануваат партнери на општините како ниедна претходна Влада. Овие 15 месеци половина милијарда евра се одвоени од централниот буџет кон општинити.

Ова не беше лесно бидејќи мандатот го започнавме со минус на сметката на Владата од 200 милиони евра. Пред 15 месеци првиот наш работен ден беше со минус од 200 милиони евра. Секако, тие ги вративме, а сега сме некаде околу 50-60 милиони евра во плус, ликвидни сме како држава и Влада, ја консолидиравме таа состојба и покрај сите тие предизвици: неисплатени плати кон акционерски друштва и јавни претпријатија, по што успеавме да дојдеме до месечна ликвидност што е добро, но во исто време на општините да им помогнеме со половина милијарда евра, нешто што досега било незамислено и невозможно. Дел од тие пари завршија и во Општина Кочани, додаде премиерот Христијан Мицковски.

Исто така, Мицкоски порача дека после изборите ќе дојде вистинската одговорност и правда и секој што се огрешил ќе одговара за стореното, повикувајќи дека одговарањето пред лицето на правдата за сторените криминали, да не се толкува како политички прогон.

За сево ова да се реализира, Мицкоски повика да се излезе масовно на гласање и да се даде поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и за број 9, затоа што е време за вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.

Денеска на трибината во Кочани беше претставен кандидатот за градоначалник на Општината, д – р Владко Грозданов. Тој вети чесност и максимална  посветеност, единствено во интерес на граѓаните.

Како што рече, проектите за Кочани се напишани, но не се конечни. Тимови се постојано  на терен за да ги слушнат сугестиите од граѓаните и она што им е најпотребно  ќе биде вметнато во програмата. Грозданов истакна дека не ветува невозможни чуда, туку искрена работа, чист образ и проекти за идните генерации.

Пред присутните се престави и носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Андов. Тој смета дека правилното функционирање на советот во една општина е срцето на локалната демократија.

Со одговорни и посветени одлуки советот ќе биде гаранција дека Кочани ќе прерасне во град на идиниата, чист, безбеден, спортски град што ќе биде препознатлив не само во Македонија, туку и надвор од неа.

Андов најави поддршка од општинскиот совет за повредените во кочанската трагедија. Преку училиштата ќе се формираат посебни центри за преквалификација и доквалификација . Учениците кои поради повреди ја пропуштаат наставната година,  ќе добијат стипендии и стурчна помош за подготовка и полагање на испитите.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Виница вечерва ќе се одржи 54. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија

Вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржи 54. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија. Фестивалот претставува традиционална манифестација што ја организаат на Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории,, кои се занимаваат со филмска дејност. На 54. ДФНФ

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк,

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.