Старица 88 години излажана за сообраќајка на нејзиниот син и измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уште една измама со лажна сообраќајка со страшна измислена приказна, која вознемирува и недозволува разумот да владее.  Старица од Битола била измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари, кога измамници и соопштиле дека нејзиниот син со сопругата предизвикале сообраќајна несреќа и преказиле дете. Таа за да ги спаси им парите им ги фрлила преку балканот.

Настанот се случил вчера (25.08.2025 ) во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Измамите со старите лица во македонија станаа се почести. Само пред 4 дена  на 21.08.2025 , 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, а таа парите на изманиците им ги  фрлила од балкон.

Во март, пензионерка од Куманово неодамна добила повик од наводен полицаец, кој и рекол дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака кривично да одговара и понудил на жената да плати 30 илјади евра. На сличан начин, во февруари, биле измамени уште петмина кумановци. Измамниците им изнудиле речиси 50 илјади евра.

МВР неодмна излезе со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки и предходно  ваквите информации  да се пријават во полиција, пред да се донесе одука да се дадат пари “Не давај те пари! Информирајте се на 112 или 192 или информирајте ги вашите роднини и приајтели „ –  е апелот на полицијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: