Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто.

Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина. Ова претставува намалување за цели 75%.

Дополнително, со ова намалување се опфатени и наследните решенија и договорите за дар каде отсега ќе се наплаќа по правен основ во една катастарска општина во износ од 1250 денари, а не како досега за секој имотен лист по 1250 денари.

Новината, која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја најавивме пред околу два месеци, од денес стапува на сила. Со ова ги исполнуваме нашите ветувања за пониски цени на голем дел од услугите на Агенцијата, потврдувајќи дека граѓаните и Македонија се наш приоритет. Благодарност до Владата која даде поддршка и го прифати нашиот предлог, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Тој посочува дека со намалувањето на цените се завршува процес на кој активно се работеше во изминатите два месеци. Во следниот период, фокусот ќе биде ставен на дигитализацијата на катастарот, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните и правните лица.

Текстот %%POSTLINK%% е превземен од %%BLOGLINK%%. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела нова организирана потрага по исчезнатиот дедо Јане од Јастребник

По неколкудневните неуспешни обиди за пронаоѓање на исчезнатиот дедо Јане од селото Јастребник, за в недела, 7 јуни 2026 година, е закажана нова организирана потрага. Собирот на учесниците е предвиден во 6 часот наутро на Градскиот плоштад во Кочани, од каде ќе се упатат кон теренот. Во потрагата ќе се вклучат припадници на МВР, Територијалната

ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига

Екипата на ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе настапува во Првата женска фудбалска лига, откако во бараж натпреварот во Ѓорче Петров со 7:3 го совлада „Билјанини Извори“ од Охрид. Охриѓанки одлично го отворија мечот и по само осум минути водеа со 2:0 со головите на Јулчовска и Николовска. Сепак, Кочани преку Милеска и Донева израмни

Угостителите во летниот период можат да работат секој ден до 1 часот по полноќ

Угостителските објекти  во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час. Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август. Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога