Стаменкова и Митев избрани во раководните тела на ЗЕЛС

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, е избрана за член на Управниот одбор на ЗЕЛС на  конститутивна седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија. Генералното собрание, како највисоко тело на ЗЕЛС, на седницата го разгледа и изборот на членовите на Управниот и Надзорниот одбор.

Управниот одбор е составен од 19 градоначалници од целата држава.

За претседател на ЗЕЛС повторно е избран актуелниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, додека за потпретседатели се избрани градоначалниците на општините Центар и Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити.

Во наредниот период ќе бидат формирани и повеќе комисии во рамки на ЗЕЛС, во кои ќе се разгледуваат прашања од различни области на локалната самоуправа

На истото Генерално собрание на ЗЕЛС, градоначалникот на општина Зрновци, Ванчо Митев, ја доби довербата да биде избран за член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

Митев истакна дека оваа функција ја смета како признание, но и како обврска за уште поголема посветеност во застапувањето на интересите на општина Зрновци и зајакнувањето на локалната самоуправа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦРВЕН КРСТ ЈА ЗАВРШИ ФИНАНСИСКАТА АКЦИЈА: Исплатени последните средства за настраданите од пожарот во „Пулс“

Црвениот крст на Македонија информираше дека на 27 февруари 2026 година е реализирана последната етапа од исплатата на финансиска помош наменета за лицата кои настрадаа во трагичниот пожар во Кочани. Со ова се заокружува процесот на директна парична поддршка, но хуманитарната мисија продолжува преку други форми на грижа. Детали за последната исплата Финалната распределба на

Купувај брзо, лесно, паметно – „Смарт Деливери“

Кочани! Подгответе се „Смарт Деливери“ се проширува… Покрај брзата и сигурна достава, сега ти носи и прехрамбени производи, директно до врата Ти нарачуваш ние купуваме и експресно доставуваме 078-661-001 Јави се веднаш и нарачај „Смарт Деливери“ – брзо, лесно, паметно!

Во 82 та година од животот почина Лазар Веселински, поранешен градоначалник на Кочани…

Во 82 та година од животот почина Лазар Веселински, еден од градоначалниците на Кочани по осамостојувањето на Македонија. Веселински ја извршуваше таа функција четири години, во периодот од 1996 до 2000 година. Лазар Веселински е дипломиран технолог. Првиот дел од својата работна кариера го помина во Фабриката та за целулоза и хартија во Кочани. Пред