ССМ: Апел за заштита на новинарските екипи за време на топлотeниот бран

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да ги почитуваат мерките на Владата и да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран.

ССНМ ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани и обраќања на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи. Предлагаме настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи.

ССНМ бара, ако веќе мора да известуваат во живо, новинарите и медиумските работници да бидат соодветно опремени од своите медиуми, да им биде обезбеден превоз, да им се обезбеди освежување, а се со цел да се избегнат ситуации во кои ќе биде загрозено здравјето на оние што информираат.

Исто така, новинарските екипи кои известуваат за пожарите кои изминативе недели горат низ државата треба да бидат соодвено заштитени, односно да им бидат обезбедени барем маски и заштитни очила, а медиумите да се трудат да испраќаат замена за репортерите на пократки временски периоди, особено кога станува збор за опасни ситуации во кои од пожарите се шират отровни гасови.

За сите случаи во кои ќе бидат нарушени основните услови за работа на новинарите, снимателите, фоторепортерите и останатите лица ангажирани во процесот на известување, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе реагира и ќе ги пријави до надлежните институции.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Температурите ќе се искачат до 43 степени – Црвениот крст и општината во акција

Топлото време и високите температурии,  во Прилеп го подигнаа „црвениот аларм“ за помош и грижа на населението. Денеска Општина Прилеп во соработка со Црвен крст, спроведе акција, во која на минувачите во центарот на градот,  волонтери од Црвениот крст- Прилеп им делеа шишиња со вода за пиење и флаери со...

Советниците одлучија за финансиска поддршка на нови проекти за Општина Прилеп

Советниците на 64 тата Седница на Советот на Општина Прилеп, со мнозинство на гласови дадоа согласност за одобрување на финансиски средства за учество на Општина Прилеп во реализација во проектот “Проект за подобрување на водната инфрструктура на општините во Република Македонија“, финансиран преку Европската инвестициона банка. Советниците, исто така, позитивно...

Илустративно, Јовчески најави нова развојна фаза за Прилеп

Преку илустрции, денеска градоначалникот на Општина Прилеп, задно со раководителите на јавните комунални претпријатија , на прес конференција,  најави нови инфраструктурни проекти во  Прилеп. На новинарско прашање кога паркинг просторот пред хотел Скопје наместо на автомобилите ќе му биде отстапен на пешаците, бидјеќи се наоѓа на 100 метрки од катна...