Спас за Прилеп повикува на протест против отворање рудник во Леково

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Спас за Прилеп“ граѓанската иницијатива на ден 11.08.25 (понеделник) организира масовен ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ против отворање на рудник за мермер во месноста Леково! Според соопштението, собирно место е на раскрсницата пред рудникот Сивец во 7.30 ч. наутро.

„Се покануваат прилепчани на што помасовно присуство за сите гласно да им кажиме дека сме против уништување на животната средина за туѓи интереси. – Да покажиме дека сме сеуште живи и свесни за каква опасност се работи!!! – Да им покажиме дека не сме полумртви суштества кои не ги интересираат прашања со кои ДИРЕКТНО Е ЗАГРОЗЕН НАШИОТ ЖИВОТ!!! – Да им покажиме дека без согласност од народот НИКОЈ НЕ МОЖЕ да носи опасни по живот решенија!!! За нашите деца, за нашите внуци, за Прилеп, за Македонија, за НАШАТА ИДНИНА!!! – Спас за Прилеп е само МАСОВНА ИЗЛЕЗЕНОСТ!!! Ти решаваш како ќе биде!!!“, стои во соопштението од неформалната група „Спас за Прилеп. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: