Спанчевец фатен со 2,25 промили алкохол во крвта

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска (06.06.2025) во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од с.Спанчево, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на работен состанок со директорите на основните и на средните општински училишта

Денеска директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата градоначалникот се запозна со состојбата со бројот на ученици и со ангажираниот наставен кадар и со одвивањето на наставата во учебната 2025/2026 година. По изнесените состојби од директорите се заклучи дека нема пречки за непречено одвивање

Во PUBLIC coffee bar викендов – Наташа Малинкова и Ивона ЈО

Бидете подготвени за викенд што ќе се памети… Петок, 21часот – Наташа Малинкова Сабота, 21 часот – Ивона ЈО Наредниот викенд – повторно со познати пејачи и бендови од македонската поп и рок естрада ….Кога ќе се стемни, PUBLIC – „светнува“ …    

ЈУМИС ВРАБОТУВА ПРОЕКТАНТ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.