Советот на Општина Кочани ја одржa 57. седница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Советот на Општина Кочани ја одржa 57. седница, последна во 2024 година.  

Членовите на Советот ги усвоија одлуките за отстапување на трајно управување и користење без надоместок на фотоволтаичните системи на СОУ „Гошо Викентиев“, на КЈП „Водовод“ и на ООУ „Никола Карев, а го усвоија Интегрираниот локален развоен план на Општина Кочани за периодот 2024 – 2027.

Расправајќи по предлог-буџетот на Општина Кочани за 2025 година, одлучија  2 милиона денари од ставката за привремени вработувања да се пренаменат за набавка на машина за  КЈП „Водовод“, по што го усвоија буџетот за наредната, 2025 година.

Текстот од годишното обраќање на градоначалникот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани:

Годишно обраќање на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени