Советот на Општина Кочани ја одржa 57. седница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Советот на Општина Кочани ја одржa 57. седница, последна во 2024 година.  

Членовите на Советот ги усвоија одлуките за отстапување на трајно управување и користење без надоместок на фотоволтаичните системи на СОУ „Гошо Викентиев“, на КЈП „Водовод“ и на ООУ „Никола Карев, а го усвоија Интегрираниот локален развоен план на Општина Кочани за периодот 2024 – 2027.

Расправајќи по предлог-буџетот на Општина Кочани за 2025 година, одлучија  2 милиона денари од ставката за привремени вработувања да се пренаменат за набавка на машина за  КЈП „Водовод“, по што го усвоија буџетот за наредната, 2025 година.

Текстот од годишното обраќање на градоначалникот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани:

Годишно обраќање на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сестрата на Спире кој почина во „Пулс“, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам бато“

„Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, напиша Ана, сестрата на Спире кој го изгуби животот во пожарот во Кочани, и објави емотивно видео на Инстаграм Стори. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде 63 животи и зави многу семејства во црно. Сите тие на свој начин се справуваат

Црвен крст Кочани го одбележа Светскиот ден на крводарителството – Тиме Златков доби признание за 100 пати дарувана крв

Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска ги врачи признанија на повеќекратните крводарители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, на свечен настан по повод Светскиот ден на крводарителството. На свеченоста беа доделени благодарници на крводарители за 5, 25, 50, и 100 пати дарувана крв, како и на поддржувачи и на унапредувачи на крводарителството.

Живеј урбано, инвестирај мудро – нов комплекс на Алфа Градба во срцето на Кочани!!!

Најново од Алфа Градба!!! Живеј урбано, инвестирај мудро! Во самото срце на на Кочани се гради нов, модерен комплекс што ги соединува удобноста на современото домување со функционалноста на деловниот простор. Нашите стамбени и деловни единици се идеални за сите кои сакаат да бидат дел од најпрестижниот центар на градот. Комплексот располага со обезбеден паркинг,