Советот на Кочани донесе одлука: Бесплатен престој во градинка за деца од погодените семејства во трагедијата во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Советот на Општина Кочани на денешната редовна 13 седница, едногласно ја усвои одлуката за целосно ослободување од партиципација за престој во Детска градинка „Павлина Велјанова“ за децата чии родители биле повредени или го загубиле животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата година.

Донесената одлука има за цел да им олесни на семејствата кои се соочуваат со последиците од трагичниот настан.

Станува збор за мерка, која нема временско ограничување и ќе важи во подолг период.

Според информациите од директорката Јованка Ефтимова, во моментот се опфатени шест деца – дел од нив од семејства на повредени, а дел од семејства кои изгубиле родител.

Ова не е краткорочно решение, туку поддршка што ќе важи и во иднина. Нашата цел е да им помогнеме на овие деца и нивните семејства да имаат полесен пристап до грижа и образование, изјави директорката на градинката, Јованка Ефтимова.

Трошоците за престој ќе се покриваат од сопствени средства на  установата, односно преку активности со кои градинката обезбедува дополнителни приходи.

За реализацијата ќе бидат задолжени стручните служби и сметководството.

За да го користат правото, старателите ќе треба да достават барање со соодветни докази за статусот, по што ќе следува вклучување во мерката.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Намален број интервенции на пожарникарите во Кочани во 2025 година

Територијалната противпожарна единица во Кочани во текот на 2025 година реализирала вкупно 315 интервенции, што претставува намалување во однос на 2024 година кога биле евидентирани 329 излегувања на терен. Според податоците од единицата, најголемиот дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор. Командирот Драган Апостолов истакнува дека пожарникарите немаат надлежност да изрекуваат казни, туку нивната

Маж ја истепал сопругата во Виница, па се обидел да нападне и други лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Џ.А.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.03.2026 во неговиот двор во Виница, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, при што се обидел да нападне и други лица.

МВР: Во Кочани сопруг ја нападнал сопругата, во друг случај, физички нападнат 60 годишен кочанчанец

Сопруг си ја нападнал сопругата во Кочани. Во друг случај 51-годишна пријавила физички напад од 60-годишен кочанчанец   На 07.04.2026 во 12:10 часот во ОВР Кочани, 24-годишна жена од Кочани пријави дека на 06.04.2026 околу 21:00 часот во домот каде престојуваат била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.