Советниците со низа советнички прашања и дебата повеќе од шест часа за тоа кој подобро ја менаџирал општината

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Советничките прашања беа на дневен ред на денешната седница на советот на општина Прилеп каде советниците речиси четири часа дебатираа, а градоначалникот на Прилеп и раководителите на јавните комунални претпријатија одговараа.

Советниците од советничката група на СДСМ излегоа со фотографии, кои ги залепија на говорницата, прикажувајќи ја состојбата  со инфраструктурното уредување во градот, патишта и зеленило, со што започна четиричасовната советничка дискусијата и меѓусебните потврдувања кој повеќе направил во градот кога бил на власт.

Од говорницата беше прашано: До каде е реконструкцијата со водоводот во с.Лениште? Дали градот има склучено договор за реконструкција на улиците и патиштата во Прилеп? Кога ќе почни да работи градинката “Бајка“ со полн капацитет? Кога ќе почне да се чистат од трева градските гробишта? Како до паркинг простор? Кога ќе се прска против комарци? Кога ќе се спроведе иницијативата за врабтоување на медицински лица во Домот за стари лица “Киро Крстески Платник“ ? Дали функционира ЈП “Терминал“  за царинење на стока? Дали ќе се расчистат тротоарите од паркираните возила за безбедност на пешаците? Кога ќе биде ставена во употреба Универзалната сала? Дали е безбеден Булеварот “Гоце Делчев“ кој сеуште нема технички прием и дали постои финален сообрајќаен документ кој е усвоен од надлежните органи? Кога ќе се уреди влезот кај логопедската амбуланта кај  Уредот како безбеден простор?

Додека опозицијата тврдеше дека во овој мандат ВМРО ДПМНЕ реализирало само два проекти ( кружен тек кај М. Цепнков и реконструкција на ул.Борка Талески) власта тврдеше дека има голем број на реализрани проекти.

Мислите дека скандинавски управувате со општината? После вашата посета во Шведска, видлив се резултаите од вашето работење?“ – рече од говорницата, Александар Китаноски, од совентичката група на СДСМ.

Како никогаш досега локалната власт со олку голем број проекти.Градинката ја начекавме како гарбина.За неа извдоивме оптшински пари од 133 милиони денари и ја направивме најскапата градинка во Македонија. Заборавивте каков проблем направивте со изградбата на Булеварот, кога го затворивте прилазот кон прилепската чаршија поради укинување на паркинг простор и ја умревте чаршијата , за што ние баравме алтернатива и направивме катна гаража. Кога ќе се градеше булеваот требало да ги осмислите и последиците кои ги направи тој проект. Започнавме со крпење на ударните дупки  на најфреквентните улици ( и изведувачот максимално ќе мора да ги почтува роковите) . Некои улици и патишта не се санирани повеќе од 30 години.Проблемот со театарските игри не е наш. Хидрантите во таа институција не се променети повече од 30 години. Нема потеба од политчки поени“  рече, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Зошто го ветивте проектот “катна гаража“ ако тоа било скап проект? Четири години ве прашуваме за изградба на таа катна гаража. Предходната власт ви остави проекти вие требаше само да ги продолжите. Ние овде треба да разговараме за архитктонско решение за уредување на реката , за развој, за нови проекти за нови инвестиции. Ние со вас четири години ја сведовме дебата на не косената треба, не изметените улици и катната гаража. Од вас граѓаните очекуваат да се движат по нормални улици..„ од говорницата се обрати, Моника Грашоска ,коориднаторот на советничката група на СДСМ.

Го вративме долгот од 5 милиони денари ,од општинскиот буџет издвоивме 133 милиони денари за детската градинка “Бајка“ реабилтиравме 70 улици со 2 милиони денари. Прилеп за две годни од јавните повици на Владата ќе реализира 23 преокти и ќе добие помош од 11 милиони денари. Без капитални инвестиции од централната власт нема напредок.Така власта се грижи за својт народ“-реплицираше кординаторт на советничката група на ВМРО ДПМНЕ ,Влатко Петкоски.

Со оглед на тоа што на дневен ред се најдоа тримесечни извештаји за финансиското работење на јавните комунални претпријатија , стана збор и за загубите кои тие ги  креирале во текот на нивното работење, па се бараше одговор како јавните претпријатија ќе излезат од криза?

Градот во 3,5 години не останал без вода. А, водата е најосновна потреба. И, кога се зборува  и критикува  ова јавно комунално претпријатије, тоа не треба да се заборави. Тогаш, ако нема вода, треба да биде нападот на директорот или на вработените “-  рече директорот на ЈКП В и К, Гулабоски.

„Чистењето на улиците и косењето на тревата во праковите и гробиштата зависи од временските услови. Ние работиме под отворено небо. Дождливото време не дозволуваше поголем активност ,а комуналците наутро се први кои работат и го чистат градот. Исчистени се диви депони кај касарните…“ дебатираше и директорот на ЈКП “Комуналец“ Абрашоски.

Работата во Пазари се одвива во две смени. Со таа втора смена треба некој да раководи. Затоа се потребни нови вработувања.“ образложи директорот на ЈКП Пазари.

ЈП располага со четири службени возила. Ниту еден денар немаме потрошено за репрезентација за ручек“ рече од ЈП за ПУП, директорот, Бранко Нешкоски.

На деневен ред беа и се усвоија и годишните планови  за вработување во училиштата за 2026 од : ООУ “Блаже Конески”-Прилеп, ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп, ООУ “Кире Гаврилоски”-Прилеп, СОУ Гимназија “Мирче Ацев”-Прилеп,  СОУ “Ристе Ристески-Ричко”-Прилеп,а дадено е  позитивно мислење на Статутарната одлука на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Бројот на случени сообрајќани незгоди загружувачки

Бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата е загрижувачка. Имено, во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31.176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица, пишува во Ревизорскиот извештај на ДЗР. Национална стратегија за безбедност во сообраќајот на патишта донесена 2015-2020, имала...

Интересне феномен над Прилеп – Сонцето заобиколено со прстен

Огромен прстен од црвена светлина го заобиколи утринското прилепско сонце  (15 мај, 2025 година) Фотографиите ни  ги испрати наша сограѓанка, која го синимила овој феномен, околу 10,оо часот, ова утро. Сонцето во Прилеп утрово изгледаше токму вака: . Побаравме од нашите колеги да ни потврдат „дали вака изгледа сонцето  во...

Фрлена екплозивна направа во двор, фасадата оштетена, се истражува мотивот

Случајот го пријавил 49-годишниот М.В. од Прилеп, кој информирал дека по фрлањето на експлозивната направа настанал пожар и била предизвикана материјална штета, поточно оштетување на фасадата на објектот. Вечера, на 14.05.2025, во 07.13 часот во ОВР Прилеп, М.В.(49)  пријавил дека во неговиот двор на ул.„Никола Каранџулов” во Прилеп била фрлена...