Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.
По повод 106-годишнината од раѓањето и 82-годишнината од смртта на Викентиев, повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.
По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.
Ученик на генерацијата 2022 – 2026 е Матеа Саздова, која воедно е и најуспешна во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Јордан Атанасов, а од сообраќајната струка – Тоше Николовски.
Наградите за најуспешните ученици ги обезбеди Фонадацијата Викентиеви.
Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов им врачи награди на учениците членови на тимовите на Макбот пионирс, Up Shift и на Училишниот спортски клуб.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









