Состојбата на критичните пациенти се подобрува

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Осум пациенти од трагедијата во Кочани кои се лекуваа во македонските болници се пуштени дома. Деветмина кои беа на лекување надвор од државата се враќаат назад. Состојбата на оние четири пациенти од странските клиники што се во критична состојба од ден во ден се подобрувасо што ја зголемува надежта кај лекарите дека закрепнувањето оди во вистинска насока.

„За критичните пациенти добиваме добри информации. Тие сѐ се уште во тешка состојба, но подобрена во споредба со вчерашниот ден. Оптимисти сме дека тие уште повеќе ќе се подобрат“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

На повредените луѓе кои вчера се вратија веднаш им беа направени сите неопходни анализи на Клиниката за токсикологија. Резултатите беа добри, па тие веќе се пуштени на домашно лекување.

„Тројца од нив се со инхалаторни повреди, но стабилни, а другите имаат и инхалаторни повреди и изгореници кои се во санација. Сите пациенти се прегледани од повеќе доктори. Денес ги пуштивме на домашно лекување, но сепак одредено време ќе треба да доаѓаат на прегледи“, изјави Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.  

Министерот за здравство повтори дека лекувањето за сите пациенти кои се надвор од државата е бесплатно. Исто така обезбедено е и патување и сместување за двајца членови на семејството да можат да бидат  до своите најблиски во овие тешки моменти.

На лекување остануваат 14 во Македонија и 91 во странство.

Извор:

telma.com.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По седум месеци исчекување, жителите на улицата „Бел Камен“ конечно ќе чекорат и возат по нов асфалт

По седум месеци исчекување, жителите на улицата  „Бел Камен“ во Кочани, добија обновена сообраќајна инфраструктура и подобри услови за движење. Реконструкцијата на улицата „Бел камен“ се реализираше со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги доби од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина

Виница на листата за трансформација: Неоперативните зони ќе се понудат на домашните инвеститори

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и во Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговарајќи на новинарски

ВДЛ Ван Хоол вработува лица на повеќе позиции со или без работно искуство..

 Фабриката за автобуси ВДЛ Ван Хоол вработува со или без работно искуство: автолакери, фарбари и припремачи за фарбање, заварувачи, електричари, автомеханичари, магационери, столари, автолимари, машински и електро-техничари и инсталатери. Аплицирајте на vdlvanhool.com во делот „Кариери“ или јавете  се на 070 333 299.